Александар Стојчев
ЖивотописЖивот, војната 2001 и сведоштваБдееше врз мирниот сон на својот град. На работното место во полициската станица Аеродром, неговиот збор, совет и искуство со респект се слушаа, уважуваа и почитуваа. Со личен пример покажуваше како се извршува поставената задача. Кога беше посебно тешко и неизвесно, беше во Арачиново. На 23 јуни 2001 година, со цел на терористичкото насилије и престрелка беше и Александар, ословуван по своите прекари Аце или Сашо. Трагичната вест брзо се пронесе а немилиот настан никогаш да не се повтори, но и да не се заборави. 30 годишниот полицаец го остави неговиот син сирак, а сопругата со многу болка и искушенија кои ја очекуваат во животот. Заедно со родителите кои ја проколнуваат судбината во незаборав и спомен Александар ќе го носат сите оние кои го познаваа и кои им помагаше. Во негова чест, во паркот на бранителите во скопско Драчево е поставен спомен плоча на меморијалната фонтана.[3] Александар Стојчев посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.[4] Вистината околу смртта и некоординираноста помеѓу АРМ и МВРЗа време на војната во 2001 година, кога функционираше таканаречената широка влада, припадниците на двете клучни министерства (Министерството за внатрешни работи, раководено од ВМРО-ДПМНЕ, и Министерството за одбрана, раководено од СДСМ) поради некоординираност се однесуваа како две непријателски војски. Македонската јавност сè уште се замајува со некаква верзија за настанот според која сè се сведува на тоа дека тројцата припадници на МВР се убиени од албанските терористи при акцијата за ослободување на Арачиново, кое претходно, на 9 јуни 2001 година, тогашната ОНА го прогласи за слободна територија. Ниту една влада досега не успеала да го расветли контроверзното загинување на бранителите кај гробиштата во Брњарци, село на околу два километри од скопско Арачиново.[5] Потресните информации за загинувањето на полицајците на гробиштата кај Брњарци, според поранешниот разузнавач Јанко Бачев, се криеле од јавноста затоа што државата ќе морала да им плати обесштетување на нивните семејства. На гробиштата кај Брњарци на 23 јуни 2001 година кога загинаа тројцата полицајци Александар Стојчев, Никола Пехчевски и Атанас Јанев, од артилериски оган тешко беше ранет Оливер Китановски, припадник на Единицата за специјални задачи „Тигар“. Почина по пет дена, на 21 годишна возраст. Четворицата бранители, како што сведочат нивни колеги, доброволно се пријавиле да учествуваат во првите редови во акцијата за ослободување на Арачиново.[6] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia