Никола Пехчевски
ЖивотописЖивот, војната 2001 и сведоштва![]() Со посебно чувство и одговорност за судбината и иднината на својата земја, во рововите крај Арачиново од каде што Скопје, главниот град се гледа како на дланка, минуваа деновите на полицаецот Никола. Дојде од Берово. Со мислите беше кај својата сопруга, со која ја очекуваа семејната рожба. Таткото Ефтим и мајката крстена по името на татковината, Македонка, го очекува своето внуче. Никола веднаш после неговата свадба го прекинува одморот и доброволно се враќа во единицата. При разделбата со мајката, Пехчевски и' рекол:
Гине јуначки во нерамна битка заедно со неговите колеги Атанас Јанев, Александар Стојчев и Оливер Китановски кај гробиштата во Брњарци, одма пред селото Арачиново.[3] Еден соборец на Никола Пехчевски вака го опишува моментот кога тој загинува во Битката за Арачиново: „Тој загина на два метри од мене, во екот на борбите во село Арачиново. Му беше разнесена главата. Се сеќавам во последните секунди кога свиеа куршумите, помеѓу јаките експлозиии. Се погледавме. Верувате или не, имаше насмевка на лицето и ме бодреше со погледот.“ Зад себе ја оставил сопругата со ќерката, која не ја дочека.[4] Пехчевски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.[5] На 2 август 2016 година на влезот на спортската сала во Берово која го носи името „Македонски бранители“ поставена е спомен - плоча на која се испишани имињата на четворицата бранители од Берово кои во конфликтот во 2001 година го изгубија својот живот, Љупчо Мирчовски, Димитар Двојаковски, Зоран Бубевски и Никола Пехчевски.[6] Вистината околу смртта и некоординираноста помеѓу АРМ и МВРЗа време на војната во 2001 година, кога функционираше таканаречената широка влада, припадниците на двете клучни министерства (Министерството за внатрешни работи, раководено од ВМРО-ДПМНЕ, и Министерството за одбрана, раководено од СДСМ) поради некоординираност се однесуваа како две непријателски војски. Македонската јавност сè уште се замајува со некаква верзија за настанот според која сè се сведува на тоа дека тројцата припадници на МВР се убиени од албанските терористи при акцијата за ослободување на Арачиново, кое претходно, на 9 јуни 2001 година, тогашната ОНА го прогласи за слободна територија. Ниту една влада досега не успеала да го расветли контроверзното загинување на бранителите кај гробиштата во Брњарци, село на околу два километри од скопско Арачиново.[7] Потресните информации за загинувањето на полицајците на гробиштата кај Брњарци, според поранешниот разузнавач Јанко Бачев, се криеле од јавноста затоа што државата ќе морала да им плати обесштетување на нивните семејства. На гробиштата кај Брњарци на 23 јуни 2001 година кога загинаа тројцата полицајци, од артилериски оган тешко беше ранет Оливер Китановски, припадник на Единицата за специјални задачи „Тигар“. Почина по пет дена, на 21 годишна возраст. Четворицата бранители, како што сведочат нивни колеги, доброволно се пријавиле да учествуваат во првите редови во акцијата за ослободување на Арачиново.[8] Надворешни врскиНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia