Индиската екипа за хокеј на Олимписките игри во Берлин 1936 година, кои подоцна ќе ја поразат Германија во финалето со 8-1.
Индија — првпат учествува на Олимписките игри во 1900 година, со еден спортист (Норман Притчард) освојувајќи два медали, двата сребрени во атлетика.
Инфдија првпат испратила екипа на Летните олимписки игри во 1920 година, и учествувала во сите Летни олимписки игри оттогаш. Индија се има исто така натпреварувано на неколку Зимски олимписки игри почнувајќи од 1964 година.
Преглед
Индија започнала да се натпреварува на олимписките игри во 1900 година. Индиските спортисти имаат освоено вкупно 26 медали, сите на Летните олимписки игри. Во кус временски период, Индиската национална репрезентација за хокеј на трева била доминантна при олимписките натпреварувања, освојувајќи 11 медали на 12 Олимписки игри во периодот меѓу 1928 и 1980 година. Имаат освоено 8 златни медали од кои 6 последователни од 1928–1956 година.
На Летните олимписки игри 2012 година Индија беше претставена од 83-члена делегација, која постави нов рекорд на освоени медали освојувајќи вкупно 6 медали. Борачот Сушил Кумар стана првиот Индиец кој освоил повеќе поединечни Олимписки медали по оние на Норман Причард во 1900 година. Сепак, медалите на Причард биле сребрени, додека пак оние на Кумар биле сребрен и бронзен.
На 4 декември 2012 година, Мок ја забрани ИНЗ поради проблеми со изборите. Индиските спортисти сепак, можеле да учествуваат на игрите како независни учесници. TОваа забрана беше повлечена на 11 февруари 2014 година, и сите медали освоени на игрите и биле доделени на Индија.