Безел (Германија)
Безел (германски: Bösel) — општина во округот Клопенбург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. ГеографијаМестоположбаБезел се наоѓа во северниот дел на округот Клопенбург во мочурливо подрачје. Соседни општиниБезел се граничи на север со општината Едевехт (округ Амерланд), на исток со општината Варденбург (округ Олденбург), на југ со општината Гарел и на запад со градот Фризојте (обете во округот Клопенбург). Општински единициБезел е составен од девет единици: Безел-Орт, Едевехтердам (само неколку куќи, поголемиот дел припаѓа на градот Фризојте), Гласдорф, Хилсберг, Остерлох, Остланд, Оверлае, Вестерлох и Петерсдорф. ИсторијаБезел бил првпат споменат во 1080 година под името Борсла (Borsla; = „шума на брановит брег“) во документ на епископот од Оснабрик. Прв пишан документ за капела во Безел е од 1574 година, но Безел бил раздвоен од парохијата во Алтенојте и станал посебна парохија во 1876 година. НаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia