КлопенбургЗа други истоимени места, погледајте Клопенбург (појаснување).
Клопенбург (германски: Cloppenburg; долногермански: Cloppenborg; затерландски фризиски: Kloppenbuurich) — град и административно седиште на истоимениот округ, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа 38 километри југозападно од градот Олденбург. ГеографијаМестоположбаКлопенбург се наоѓа во областа Олденбуршки Минстерски крај помеѓу Оснабрик и Олденбург. Градски единициГрадот Клопенбург се состои од градското јадро и од осум единици:
СтопанствоГрадот е средиште на главно земјоделската област во јужниот дел на Клопенбург. Градот е административно седиште и во него се наоѓаат повеќе училишта. ТуризамЕдна од главните туристички знаменитости на Клопенбург е музејското село „Клопенбург“, повеќе стари градби од областа кои биле расклопени и поставени во музејот. ПолитикаГрадски советГрадскиот совет се состои од 38 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 30.001 и 40.000 жители.[2] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години. На последните локални избори за Градскиот совет биле добиени следниве резултати:[3] ГрадоначалникМоментален градоначалник на градот Клопенбург е Најдхард Фарнхорн.
Збратимени градовиКлопенбург е збратимен со следниве градови:[4] Познати луѓе
Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia