Фризојте
Фризојте (германски: Friesoythe; затерландски фризиски: Ait или Äit) — мал град во округот Клопенбург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Зесте, околу 25 километри северозападно од окружниот град Клопенбург и 30 километри југозападно од градот Олденбург. ГеографијаМестоположбаГрадското подрачје се наоѓа во мочурливата низина Хунте-Леда, а само две единици се делумно на ридската област Химлинг.[2] Градски единициФризојте ги има следниве единици:
ИсторијаВо 1227 година, грофот Ото фон Текленбург го направил замокот во Фризојте, кој го направил да биде негова резиденција. Набрзо, земјоделци, трговци и занаетчии се населиле околу замокот. Веќе на почетокот на првата половина на XIII век, Фризојте имал големи трговски врски, што се потврдува со пронајдените над 300 сребрени монети од Келн, Минстер, Оснабрик и други градови, кои биле во оптег до 1235 година. Денешниот град бил опкружен од масивни градски бедеми и долго бил сметан за непробоен. Во 1308 првпат бил споменат како град. Понекогаш градот бил означуван како „ханзин град“ и се верува дека имал ханзини привилегии. Сепак, нејасно е дали некогаш бил официјално член на Ханзата. Фризојте дели разновидна култура во долносаксонската историја. Многу културни влијание на германска, англосаксонска, холандска, источнофризиска, данска и шведска култура можат да се забележат во градот и граѓаните. Градот има голем број на римокатолички верници и мал број на калвинисти и лутеранци. Порано бил дел од Војводството Олденбург и под власт на Француското Царство во XVIII век. ПолитикаГрадски совет![]() Градскиот совет се состои од 32 избрани членови. Членовите се избираат на општи избори на секои пет години. На последните локални избори за Градскиот совет биле добиени следниве резултати:
ГрадоначалникГрадоначалник на градот од 2014 година е Свен Штратман (SPD).
Збратимени градовиЛенинген е збратимен со следниве градови: Познати луѓе
Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia