Ленинген (Долна Саксонија)За други значења на поимот, погл. Ленинген (појаснување).
Ленинген (германски: Löningen) — мал град во округот Клопенбург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Хазе, околу 25 километри југозападно од окружниот град Клопенбург. ГеографијаМестоположбаЛенинген се наоѓа во долносаксонскиот округ Клопенбург помеѓу Олденбург и Оснабрик на работ на Олденбуршкиот Минстерски крај, сместен во долината на Хазе. Градот на југозапад се граничи со округот Емсланд, а на југоисток со округот Оснабрик. Градски единициГрадот Ленинген се состои од градското јадро, како и 30 помали единици.
Градското подрачје на Ленинген е поделено на пет четврти и еден Вик (место):
КлимаВо градот владее океанска клима под влијание на влажни северозападни ветрови од Северното Море. Просечна годишна температура е од 8,5 до 9,0 °C и има просечни врнежи околу 700 mm. ИсторијаЛенинген првично се појавил во 822 година како Лоинго. Името Ленинген првпат е споменато во 1147 година во писмо до епископот од Хилдесхајм, кога областа на Ленинген припаѓала на Корвајскиот манастир. Од 1200 година, Ленинген припаѓа на грофот од Текленбург. Минстерската епископија го презела Ленинген во 1400 година. Во 1803 година завршила верската управа и Ленинген станал дел од Војводството Олденбург. Од 1810 до 1813 година, Ленинген станал дел од францускиот арондисман Квакенбрик. По лајпцишката битка, Ленинген се вратил во Олденбург.[2] Во 1814 година, Војводството Олденбург бил поделен на 25 амтови, од кои еден од нив бил Ленинген. Амтовите биле распуштени во 1879 година, а Ленинген станал дел од округот Клопенбург. Во текот на Втората светска војна, првите бомби паднале во областа во 1940 година, а во 1945 година окружниот суд бил уништен во бомбардирањето. На 10 и 11 април 1945 година, британските трупи пристигнале и ги опкружиле германските трупи од три страни, по што Германците се повлекле.[3] ПолитикаГрадски совет![]() Градскиот совет се состои од 30 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 12.001 и 15.000 жители.[4] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години. На последните локални избори за Градскиот совет биле добиени следниве резултати:[5]
ГрадоначалникНа изборите за градоначалник на 12 септември 2021 година бил избран Буркхард Зибел (UfL).[6]
Збратимени градовиЛенинген е збратимен со следниве градови: Познати луѓе
Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia