Џон Костерлиц
Џон Мајкл Костерлиц (англиски: John Michael Kosterlitz; Абердин, 1942) – британски физичар, професор на Универзитетот Браун. Во 2016 година ја добил Нобеловата награда за физика заедно со Дејвид Таулес и Данкан Холдејн за неговите откритија во физика на кондензираната материја[1]. Со Холдејн добиле по четвртина од наградата, а Таулес добил половина од наградата. ЖивотописРоден е во Абердин, Шкотска во доселеничко семјество на германски Евреи. ОбразованиеДипломирал и магистрирал на колеџот Гонвил и Кајус на Кембричкиот универзитет. Во 1969 година се здобил со докторат на колеџот Брејзноуз на Оксфордскиот универзитет. КариераПосле неколку постдокторски позиции, меѓу кои и на Универзитетот Бирминген каде што соработувал со Дејвид Таулес, и на универзитетот „Корнел“, тој во 1974 година бил назначен за предавач на Универзитетот Бирмингем, а подоцна и за доцент. Од 1982 година бил професор по физика на универзитетот „Браун“. Моментално Костерлиц е поканет истражувач на универзитетот „Алто“ во Финска. Неговите истражувања се на полето на теорија на кондензирана материја, еднодимензионална и дводимензионална физика; во фазни транзиции: случајни системи, електронска локализација и спинови стакла; и во критична динамика: топење и мрзнење. Од 1993 година тој е соработник на Американското физичко друштво. Награди
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia