Бесконечноаголник
Весконечноаголник или апејрогон — дегенериран многуаголник со бесконечен број на страни. Тоа е граничен облик на низа од многуаголници со сè повеќе и повеќе страни. Слично на многуаголникот, тој е низа од страни (рабови) и агли. Правилниот многуаголник нема крај затоа што е затворен. Бесконечноаголникот исто така нема крај, бидејќи никогаш не може да се направи бесконечен број чекори за да се стигне до крајот во која било насока. Има и затворени бесконечноаголници. Правилен бесконечноаголникКај правилниот бесконечноаголник сите страни се со еднаква должина и сите агли со еднаква големина. Ова е слично на обичен многуаголник. Шлефлиевиот симбол е {∞}. Коскетер-Динкиновиот дијаграм е Кога аглите се еднакви на 180°, бесконечноаголникот личи на права линија. Правата линија може да се замисли како кружница со бескрајно голем полупречник. Наклонети облици![]() Долго време се сметало дека постојат само правилни примери на бесконечноаголнци. Но, математичарот Бранко Гринбаум (1929-2018) открил уште две. Кога аглите се менуваат, бесконечноаголникот наликува на цик-цак шема. ...Податотека:Regular apeirogon zig-zag.svg... Ако секој агол се помести надвор од рамнината на претходниот агол, бесконечноаголникот би наликувал на тридимензионална завојница. Таквите многуаголници се нарекуваат просторни. Цртежот од десната страна е тридимензионален приказ на таков наклонет бесконечноаголник. ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia