Шестаголник
Шестаголник — многуаголник со шест темиња и шест страни. Правилен шестаголникПравилниот шестаголник е шестаголник кај кого сите страни се со еднакви должини и сите внатрешни агли се еднакви. Внатрешните агли на правилен шестаголник имаат по 120° (степени), а збирот на сите внатрешни агли на кој било шестаголник изнесува 720°. Како што е можно да се покрие рамнина со рамнострани триаголници или квадрати, и правилниот шестаголник ја има таа особина. Пчелното саќе има основни елементи во облик на шестаголник токму затоа што таквата форма овозможува ефикасна и економична употреба на просторот и материјалот од кого е изградено. Ако забележиме дека правилниот шестаголник е составен од 6 рамнострани триаголници, неговата површина ќе биде шест пати поголема од површината на рамностран триаголник и ако неговата страна е со должина , ќе биде дадена со формулата:[1] Периметарот на шестаголник чија страна е со должина е еднаков на , должината на дијагоналата е . КонструкцијаПравилен шестаголник може да се конструира со помош на линијар и шестар. Следнава анимација ја илустрира чекор по чекор конструкцијата на правилен шестаголник која ја дал Евклид во своите „Елементи“. ![]() Неправилни шестаголнициСекој шестаголник кој не е правилен се нарекува неправилен. Овој вид може да ги има следниве облици:
Каде може да се види шестаголник
Поврзано
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia