Деветаголник
Деветаголник – многуаголник со девет темиња и девет страни. Правилен деветаголникПравилниот деветаголник е деветаголник кај кого сите страни се со еднакви должини и сите внатрешни агли се еднакви. Внатрешните агли на правилен деветаголник имаат по 140° (степени), а збирот на сите внатрешни агли на кој било деветаголник изнесува 1260°. Ако основната страна на деветаголник е , неговата плоштина се определува со формулата: Плоштината може да се пресмета и со: Периметарот на деветаголникот чија страна е со должина ќе биде еднаков на . КонструкцијаПравилен деветаголник не може да се конструира со шестар и линијар. Конструкцијата може да се изведе со помош на обележен шестар и линијар, но истата не се прифаќа како математички коректна. Постојат приближни конструкции со помош на шестар и линијар. ![]() Поврзано
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia