Брајтенбрун (Саксонија)За други истоимени места, погледајте Брајтенбрун.
Брајтенбрун (германски: Breitenbrunn) — општина во подрачјето на Рудните Планини во истоимениот округ, во Саксонија во Германија. ГеографијаСоставни деловиОпштината се состои од Брајтенбрун со Брајтенхоф, Каролатал, Халбемајле и Рабенсберг, Антонстал со Антонсхее, Ерлабрун, Штајнхајфел и Фелбах, како и Ритерсгрин и Телерхојзер. Соседни општиниСе граничи со Јохангеоргенштат, здравствениот ресорт Обервизентал и градот Шварценберг, сите во Ерцгебиргскрајс. МестоположбаБрајтенбрун се наоѓа на планинскиот масив недалеку од долината Шварценвасер на исток. Опкружен е од, меѓу другите планини, Рабенберг и Зауберг. Историја![]() Како највисоко село во Грофовијата Шварценберг, Брајтенбрун бил основан дури во 13-от век. Со помошта на огромните ливади и места, можело да се претпостави дека во прво време не се населиле повеќе од 10 семејства. Селото првпат било споменато во документите како „Breitinprun“ во 1380 во хроника на планинските грофови од Лајсниг, кога му биле доделени рударските права за рудникот за калај. Дури и пред основањето на Брајтенбрун, таму имало тврдина и кула, шанец и мала надворешна одбрана да го брани поседот на грофовијата Шварценберг како негова најјужна точка. Откако бил пронајден извор во рамките на шанецот, тој бил наречен „широк извор“ или breiten Brunnen на германски, и наскоро овој опис бил земен како име на местото. Специјално историско значење имаат Breitenbrunn Papermill пронајдени во градот, од кои меѓу другите, Јохан Себастијан Бах ги добил неговите нотни листови. ![]() РелигијаВо времето на католицизмот, Брајтенбрун прво припаѓал на парохијата Шварценберг. Подоцна била изградена капела посветена на Свети Петар, правејќи го Брајтенбрун важна парохија во Шварценберг. Дури и по реформацијата била одржувана извесно време независна време. Меѓуоа, сега, Брајтенбрун има сестринска заедница во новооснованата парохија Гринстетел. Селото ја добило секуларната независност во 1559, кога била изградена и црквата Свети Кристофер (St. Christophorus-Kirche). Денес, покрај евангелистичко-лутеранската заедница Свети Кристофер се наоѓа и евангелистичко-методистичката заедница. Население
ПолитикаГрадоначалникГрадоначалник на општината е (Bürgermeister) Ралф Фишер, роден во 1955, бил избран на последните избори за градоначалник на 10 јуни 2001 со 98,4% од сите гласови. ПартнерствоКултура и знаменитости
Природни споменици
ОбразованиеБрајтенбрун е познат по неговата Staatliche Studienakademie Breitenbrunn (Покраинска академија Брајтенбрун). Овде учат околу 300 студенти на двоен принцип за туризам, економија и индустрија. Спорт
Редовни настани
Познати луѓе
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia