Анаберг-Буххолц
Анаберг-Буххолц (германски: Annaberg-Buchholz) — град во сојузната покраина Саксонија, Германија, главен град на округот Рудни Планини. Градот се наоѓа во Рудните Планини, на страната на Пелберг (832 м надморска височина). Има три протестантски цркви, меѓу нив Света Ана, градена 1499-1525 (која е исто така најголема од ваков вид во Саксонија), римокатоличка црква, неколку јавни споменици, меѓу нив оној на Мартин Лутер, на познатиот математичар Адам Рис и на Барбара Утман. Анаберг е добро познат по неговиот историски стар град и главниот плоштад, една куќа на самиот плоштад го покажува грбот на семејството Апиан-Беневиц. Анаберг, заедно со соседната заедница, Буххолц, е главно седиште на плетената и индустријата за тантела во Германија, воведена од Барбара Утман во 1561 и понатаму развиена од белгиските бегалци, кои дошле во областа од нивната држава откако биле протерани. Рударството, по кое градот порано бил познат, сега е целосно прекинато. Некогаш се ископувале калај, сребро и кобалт. Неколку рудници се обновени по падот на Берлинскиот ѕид во 1989 и може да се посетат од туристите. Анаберг има стручни училишта за тантела, трговија и земјоделство, како и неколку јавни училишта за момчиња и девојки. Во 1945 година, двата града Анаберг и Буххолц се споиле во новиот град Анаберг-Буххолц. Историја![]() Подрачјето на градот било густо пошумено во горните Рудни Планини, кое било населено во 12-от и XIII век од франкските фармери. Првите документирани спомнувања на Фронау, Гајерсдорф и Клајнрикерсвалде, кои се сите делови на денешниот град Анаберг-Буххолц биле во 1397. Главни знаменитостиОбласта е познато туристичко одредиште и скијачки центар. Рудните Планини се наведуваат како Божиќна земја; позната по нејзините специјални таленти, Божиќните пазари и резбаните скулптури. Музеи
Frohnauer HammerFrohnauer Hammer е историски и потполно зачувана воденица во селото Фронау во рамките на општината. Во 1907 бил прогласен за технички споменик и оттогаш бил отворен за јавноста. Во прилог на воденицата, има и изложби на предмети од минатото и предмети од поранешниот сопственик на куќата (Hammerherrenhaus). Редовни настани
Меѓународни односиАнаберг-Буххолц е збратимен со:
Галерија
Наводи
јавна сопственост: Chisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно Надворешна страница
|
Portal di Ensiklopedia Dunia