Гринхајн-Бајерфелд
Гринхајн-Бајерфелд (германски: Grünhain-Beierfeld) — град во округот Рудни Планини, во сојузната покраина Саксонија, Германија, кој се наоѓа 8 километри источно од Ауе. Настанал на 1 јануари 2005 година со спојување на градот Гринхајн и општината Бајерфелд. ГеографијаМестоположбаГрадот се наоѓа во североисточниот дел на округот. Највисока точка во градот е Шпигелвалд (шума) на 738 метри надморска височина. Соседни заеднициНа север, градот се граничи со Цвениц, на исток со Елтерлајн, на југ со Рашау, на југозапад со Шварценберг на запад со Бернсбах и Лесниц. Составни деловиГринхајн-Бајерфелд има три составни дела:
ИсторијаБајерфелдОбласта околу Бајерфелд била населена во XII век. Како многу други места во Рудните Планини, Бајерфелд бил само едно шумско село (Waldhufendorf). Името на градот потекнува од баварските доселеници (првите два слога, „Beier“ се изговараат на ист начин како германскиот збор Bayer, што означува „баварски“). Во 1233 година, Бајерфелд станал манастирско место со Мајнхард II од Вирбене на гринхајнската опатија. Така, игуменот на Гринхајн ја одржил јурисдикцијата над заедницата до реформацијата. Меѓутоа, кога дошло рударството, започнал и преминот од чисто земјоделска заедница на индустриска. Зголемувањето на добивките на производителите на прибори за јадење во XVII и XVIII век, како и на индустријата за плочки во XIX век, го направиле градот главна точка на бизнисот. Од почетоците на рачно изработени куќни и кујнски машини, пораснало фабричкото производство во големи претпријатија на почетокот на XX век. Гринхајн![]() Гринхајн првпат бил споменат во 1150 година. Локацијата на солениот пат од Хале до преминот Пресниц и понатаму до Бохемија ги натерала Систерците да дојдат тука и да основаат манастир. Во 1276 година, Гринхајн ги добил градските права. До 15 век, манастирот го проширил своето поле на влијание, главно преку донации. На почетокот на реформацијата, манастирот зел под своја закрила 56 села и три градови. реформацијата и Триесетгодишната војна биле крајот на манастирот. ВашлајтеВашлајте бил првпат документиран во 1531. Веќе од XIII век, рударството започнало во долината Освалд, каде се наоѓа Вашлајте. Покрај среброто, калајот и железото, подоцна почнал да се ископува и мермер. Рударството продолжило до 1920. Рударството има свое влијание и во името на местото, кое се однесува на операцијата миење на рудата на гребен. ПрипојувањаНа 1 јануари 1999 година, Вашлајте се споил со Бајерфелд. На 1 јануари 2005 година, Гринхајн и Бајерфелд се споиле, така што дошло и до промена на името во Гринхајн-Бајерфелд. Култура и знаменитости![]() ![]() Музеи
Музика
Градби
Паркови
Спорт
Редовни настани
Трите фестивали се одржуваат по ред, секоја година. Економија и инфраструктураСообраќајГринхајн-Бајерфелд не е поврзан со ниедна друга општина со сојузен автопат; меѓутоа, најважните патни врски се со Шварценберг, близу кого поминува сојузниот автопат Б101 и патот до Цвениц. Медиуми
Образование
Познати луѓе![]() Родени во градот
Луѓе поврзани со градот
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia