Шнеберг (Саксонија)
Шнеберг (германски: Schneeberg) — град во саксонскиот округ Рудни Планини. Има околу 16.400 жители и припаѓа на градската лига на Зилберберг (Städtebund Silberberg). Се наоѓа 4 километри западно од Ауе и 17 километри југоисточно од Цвикау. ГеографијаМестоположбаШнеберг се наоѓа на Сребрениот пат во горните западни Рудни Планини. Оддалеку е видлива црквата St. Wolfgangskirche. Градското јадро Шнеберг, која достигнува 470 метри надморска височина и исто така именик на градот. Меѓу соседните врвови се Глесберг (593 м) на исток и Кајлберг (557 м) на север. ![]() Историја![]() ![]() Долгата историја на Шнеберг била обликувана од рударството, повеќе отколку од сè останато, поставувајќи ги основите за основање на градот. Првичните рудници за сребро, се надополниле со тие за кобалт и бизмут откопувани од средината на 16 век. Кога ископувањето на ураниум започнало помеѓу 1946 и 1958 година, населението во градот брзо се зголемило, што довело до добивање на статусот на слободен град (kreisfreie Stadt) помеѓу 1952 и 1958 година. Потоа, повторно припаѓал на округот Ауе. Припојувања
НаселениеДвижење на населението во градот (од 1960 на 31 декември):
1 29 октомври Култура и знаменитости![]() Црквата Св. Волфганг е една од најголемите и архитектонски најзрела црква изградена во готски стил и е ран тип на изградба на црква пред реформацијата. Внатре има дела од Лукас Кранах Постариот и од сликарското семејство Кродел, кому им била посветена фонтаната Krodel-Brunnen, срушена на крајот од 2005 година. Меѓу другите знаменитости се и неоготското Градско собрание, новоизградено во средината на XIX век, различни барокни згради и рударски споменици. Економија и инфраструктураСообраќајВо Шнеберг завршува Bundesstraße (сојузен автопат) 93 од Лајпциг, кој некогаш водел понатаму, низ границата со Карлсбад (сега Карлови Вари во Чешка). Исто така, Bundesstraße 169 поминува низ градот од Плауен до Кемниц. Од 1859 до 1952, градот имал железничка врска обезбедена со помошна линија на железничката линија Цвикау-Шварценберг-Јохангеоргенштат-Карлсбад. Покраински институцииШнеберг до 31 март 2008 бил седиште на Gebirgsjägerbataillon („Баталјон Планински ренџери“) 571 и Versorgungskompanie („Единицата за снабдување“) 370 на Бундесвер. ОбразованиеШнеберг има на располагање културен клуб, од кој пораснала гимназијата. Покрај тоа, градот е дом на текстилно училиште, уметничко училиште, стручна гимназија и висока школа за наставници. Гимназијата Јохан-Готфрид-Хердер во Шнеберг во 2004-2005 била избрана како „најдобра гимназија во Саксонија“ поради програмата на учење од списанието „Капитал“. Таа ужива голем углед дури и надвор од границите на Германија. Познати луѓеПочесни граѓани
Познати жители на градот
Познати луѓе кои работеле тука
Збратимени градовиЗбратимени градови на Шнеберг се: Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia