Штиценгрин
Штиценгрин (германски: Stützengrün) — општина во округот Рудни Планини, во Саксонија, Германија. ГеографијаМестоположбаШтиценгрин се наоѓа во Рудните Планини на самата граница со Фогтланд. Во Штиценгрин се наоѓа потокот Вајсбах, кој се влева во вештачкото езеро Ајбеншток. ГеологијаОпштината се наоѓа на ридското плато Албеншток од турмалин-гранит и достигнува висина од 570 до 680 метри надморска височина. Составни деловиПокрај именуваната општина Штиценгрин, општинската област исто така ја сочинуваат и селата Хундсхибел и Лихтенау. ИсторијаРазвој на бројките на население (31 декември):
Политика![]() На изборите во 2005, CDU освоила најмногу гласови. Целосните изборни резултати биле следниве:
Избор за градоначалник 2007На изборите за градоначалник на 2 септември 2007, Bürgermeisterin Биргит Рајхел (CDU) била избрана повторно со 99,3 од гласовите. Излезноста на гласачите била 48,3%. Култура и знаменитости![]() Сместена на сојузниот автопат 169, кој поминува низ општината, е Bauernbarockkirche („Барокна фармерска црква“), изградена во 1701 и сега заштитен споменик, со нејзиниот олтар и 130-годишните оргули. Други знаменитости во општината е 795-метри високиот Куберг („Кравја планина“) со кулата Prinz-Georg-Turm, која овозвожува поглед на соседните општини. Исто така, патеката Bergwiesenerlebnispfad во самата планина овозможува прошетка низ недопрената вегетација и низ повеќе замоци. Економија и инфраструктураСообраќајШтиценгрин се наоѓа на сојузниот автопат 169. До 1970-тите, општинаа била поврзана со железница со пругата со тесен колосек, која водела од Вилкау-Хаслау до Карлсфелд. Во 1997, делот за Шенхајде бил обновен и поставен како музеј. ОбразованиеВо Штиценгрин се наоѓа основно училиште на Schulstraße, кое ги задоволува потребите на општината. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia