Поменово
Поменово — село во Општина Чашка, во околината на градот Велес. Географија и местоположбаСелото се наоѓа во областа Азот, оддалечено 34 километри југозападно од Велес и 25 километри јужно од општинскиот центар Чашка. ИсторијаПодрачјето на Поменово е населено уште од римско време, за што сведочи наоѓалиштето Завртеј на 300 м источно од селото.[2] Во XIX век селото било дел од Велешката каза од Отоманското Царство. СтопанствоНаселение
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Поменово живееле 390 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Поменово имало 360 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[4] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, горното и долното маало имале по 100 Македонци, односно 200 жители.[5] Селото е целосно иселено по 1981 година, кога броело само 4 жители, сите Македонци.[6] Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиПоменово било македонско село. Според истражувањата од 1967 година, родови во селото биле
Општествени установиСамоуправа и политикаКултурни и природни знаменитости
Редовни настаниЛичностиКултура и спортИселеништвоОд ова село имало огромен број на иселеници. Првото помасовно иселување било по Првата светска војна. Второто помасовно иселување датира од 50-тите на 20 век. Населението воглавно се иселувало во Велес и Прилеп. Се знае и за иселени родови по другите села. Како: Смиловци (Деспотовци, Северџиновци и Тамовци). Извор (Каревци). Оморани (Трпевци и Љамевци). Браилово (Аврамовци).[11] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia