Војница — село во областа Клепа, во Општина Чашка, во околината на градот Велес. Во литературата се среќава и под името Фојница.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во областа Клепа, во источниот дел на територијата на Општина Чашка, сместено во средното сливно подрачје на реката Бабуна, од левата страна на патот Велес-Чашка.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 300 метри. Од градот Велес, селото е оддалечено 17 километри.[2]
Историја
Подрачјето на селото е населено уште од римско време, за што сведочат наоѓалиштата Обрамос и Ритчиња во сеерозападниот и североисточниот крај на атарот.[3]
Во XIX век, Војница било село во рамките на Велешката каза на Отоманското Царство.
Атарот е мошне голем и зафаќа простор од 22,7 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 1.627,3 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 475,3 хектари, а на шумите само 9,4 хектари.[2]
Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.[2]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 550 Македонци.[6]
Во 1961 година селото броело 320 жители, од кои 294 биле Македонци, а 21 Албанец, додека во 1994 година бројот се намалил на 41 жител, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Војница имало 32 жители, сите Македонци.[7]
Како и повеќето села во Македонија, така и населението на Војница поради миграционите процеси константно се намалува и се наоѓа пред целосно раселување.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 11 жители, од кои 4 Македонци, 1 Албанец, 1 останат и 5 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Доселеници:Мартолчани (3 к.) и Мицевци (2 к.) доселени се во 1905 година од селото Мартолци; Стојковци (2 к.) и Ѓурчиновци (1 к.) доселени се од мијачкото село Папрадиште, подалечно потекло од мијачкиот крај; Теовци (1 к.) тие се доселени од селото Мартолци, таму припаѓале на родот Секуловци; Шоповци (2 к.), Драшкачовци (3 к.) и Карбевци (1 к.) доселени се од селото Крива Круша; Дурчевци (2 к.) доселени се од сега раселеното село Витанци; Андовци (1 к.) доселени се од селото Црешнево; Пановци (1 к.) доселени се во 1966 година од селото Скачинци, таму се викале Чаушевци.[13]
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Чашка, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Чашка.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Титов Велес. Селото припаѓало на некогашната општина Чашка во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Војница, во која покрај селото Војница, се наоѓале и селата Витанци, Крајница и Ораовец. Општината Војница постоела и во периодот 1950-1952 година.
Избирачко место
Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 2237 според Државната изборна комисија, кое е сместено во селска зграда во селото Војница. Во него влегува и населеното место Витанци.[14]
Од селото се има иселено огромен број на жители, во иселувањето учествувале сите родови, а има и целосно иселени родови. Највеќе иселеници од селото има во Скопје, Велес, Прилеп и Битола.[13]
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 13 август 2018.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.
↑Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 129.