Горно Количани
Горно Количани — село во Општина Студеничани, во областа Торбешија, во околината на градот Скопје. Географија и местоположбаСелото се наоѓа во областа Торбешија, во сливот на Маркова Река, на околу 1,5 км југозападно од Долно Количани и на 18 километри јужно од градот Скопје. Лежи во ридски предел, а атарот зафаќа површина од 6,8 км2.[2] ИсторијаВо XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов во 1900 г. Горно Куличани се состоело од 460 Арнаути муслимани[3]. На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува Горно Количане (Grn.-Količane) како албанско село.[4] Население
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 35 муслимански домаќинствa. На овој попис биле забележани 140 мажи муслимани, со 4 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 288 жители.[5] Стефан Верковиќ во 1857 година го забележува со 229 жители.[6] Според статистиката на Васил К'нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Горно Количани живееле 460 жители, сите Албанци[7].[8] После Втората балканска војна, 1913 г. селото влегува во границите на Србија, како центар на истоимената општина и има 608 жители.[9] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 800 Албанци.[10] Населението на Горно Количани речиси се удвоило во првите децении на XX век, но во наредните периодио постепено опаднало. Во следните неколку пописи делови од населението наизменично се изјаснувале како „Турци“ или „Албанци“. Почнувајќи од 1981 г. целото население почнало да се изјаснува како албанско. Горно Количани е едно од селата во Општина Студеничани и воопшто во Скопскиот Регион, кое е населено исклучиво со муслимански Албанци, кое забележало значаен пораст на бројот на жители во однос на пописот од 1994 кога во селото живееле 413 жители. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 309 жители, од кои 306 Албанци, 1 Македонец и 2 други.[11] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 248 жители, од кои 195 Албанци и 53 лица без податоци.[12] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Културни и природни знаменитости
СтопанствоГорно Количани има полјоделско-шумарско стопанство. Според податок од 1998 г. селото располага со 327,6 ха обработливо земјиште, 174,3 ха пасишта и 458,2 ха шуми[2] Општествени установи
ИселеништвоСо истражувањето од 1950 г. е утврдено дела во селото Батинци живеат родовите Рушитоски (5 куќи) и Саитоски (2 куќи) доселени во 1946 г. од Дресница, а таму дошле од Горно Количани, каде припаѓале на родот Чајан.[17] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
Скопски села |
Portal di Ensiklopedia Dunia