Велешко благотворително братство „Рајко Жинзифов“

Велешко благотворително братство „Рајко Жинзифов“
Именувана поРајко Жинзифов
Основана10 април 1899
УкинатаНепознато
ВидБлаготворително братство
Правен статусУкинат
ЦелБорба за правата на македонското малцинство во Бугарија
СедиштеСофија, Бугарија
Службени јазициМакедонски јазик и бугарски јазик
Клучни лицаИван Поп Јорданов, Јордан Шурков, Алексо Мартулков, Христо Калајџиев

 Велешко благотворително братство „Рајко Жинзифов“родољубива и благотворителна општествена организација создадена од македонските емигранти во Бугарија, доселени од Велес и велешкиот реон. Во чест на македонскиот преродбеник и писател со влашко потекло Рајко Жинзифов, организацијата го носело неговото име. Главното седиште било во Софија.

Историја

Организацијата била формирана на 10 април 1899 година, според бугарскиот историчар Добрин Минчев.[1] Покрај тоа нејзиниот прв устав бил воведен на 2 јуни 1902 година и допонително изменет на 13 декември 1931 година. Патронатот на организацијата била одржана на 17 февруари или првиот неделен ден на март — роденденот на Рајко Жинзифов.[2]

Велешкиот делегат на Уставотворната средба на македонските братства од 28 ноември 1918 година до 1 јануари 1919 година бил Александар Мартулков,[3] според некои бугарски дела, братството го одбрало Јордан Шурков.[4] Во јануари 1923 година делегати од велешкото братство за обединувачкиот конгрес на СМЕО и МФРО биле Славејко Матов, Стојан Симеонов и Трајче Новоселец.[5]

Во годишниот собир на братството на 21 декември 1924 година, Иван Поп Јорданов, братучед на Миле Поп Јорданов, бил назначен за претседател, Тодор Хаџи Стојнов за потпретседател, Александар Јорданов и Никола Пешев за секретари и Борис Јорданов, Христо Чочков, Димитар Атанасов Анатков како членови на советот. Во контролната комисија членови биле Јанко Весов, Љубомир Драндаров и Милан Бојаџиев.[6] На 10 јануари 1926 година, бил организиран нов состав за организацијата, Илија Раштанов за претседател, Јордан Китев за потпретседател, Д. Ат. Ризов за секретар, Н. Пешов за благајник и Тр. Новоселец, Љуб. Драндаров и Ал. Иванов за советници.[7]

Во 1936 година во управителното тело на братството влегле Јордан Панчев, Михаил Шурков, Тодор Јорданов, Георги Поп Димитров Ѓорчев од Солун, Димитар Атанасов Ризов, Тодор Петров Богданов, Кирил Христов Соколов и Димитар Трајчев Кантарџиев. Во 3 мај 1938 година бил образован нов состав, Иван Петров Јорданов за претседател, Димитар Атанасов Ризов за потпретседател, Михаил Шурков, роднина на Јордан Шурков и Андон Шурков за секретар и Георги Димитров Поп Ѓорчев за благајник додека Никола Неделков Крстев, Тодор Лазов Хаџи Стојанов и Иван Панов Кушев биле советници. Во контролната комисија влегле Тодор Петров Богданов како претседател, Кирил Христов Соколов и Илија Андреев Топчев за членови.[8]

За време на бугарската фашистичка окупација, велешкото благотворително братство било обновено и преместено во Скопје како дел од бугарската пропаганда. Во новата организација, Иван Поп Јорданов бил назначен за претседател.[9]

Наводи

  1. Минчев, Добрин (1994). Национално-освободителното движение на македонските и тракийските българи, 1878-1944. БАН. стр. 148.
  2. Райчевски, Стоян (2016). Бежанците от Македония и техните братства в България. София: Издателство „Захарий Стоянов“. стр. 548.
  3. Мартулков, Алексо (1954). „Поглавје XLIV“ . Моето учество во револуционерните борби на Македонија. Скопје: Институт за национална историја. Врховистите, како што реков, трескаво работеа да ги обноват македонските братства и друштва. И многу од нив беа обновени и почнаа да функционираат. Врховистите се готвеа веќе да свикаат „учредителен“ (основувачки) конгрес. Им беше дадена наредба на братствата и друштвата да извршат избор на делегати за конгресот. При изборите на делегати, во братствата се разгоре борба меѓу левицата и десницата. Иако Временото претставителство не земеше едно пакосно становиште: да ги бојкотира братствата и конгресот, не учествувајќи во нив, сигурно е — тоа го тврдам — дека во негови раце ќе беше раководството на братствата, зашто неговото влијание сред емиграцијата беше големо. Во Велешкото братство и јас бев избран за делегат, иако во братството имаше влијателни врховисти како проф. Иван Ѓоргов, генерал Танев, д-р Кушев и др. Левицата се наложи. За делегати се избраа наши луѓе.
  4. Палешутски, Костадин (1993). Македонското освободително движение след Първата световна война (1918 – 1924) (PDF). София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 65. ISBN 954-430-230-1.
  5. НБКМ-БИА C VIII 38
  6. „Хроника“. „Независима Македония“. София: СМЕО. II (92): 3. 1925.
  7. „Хроника“. „Независима Македония“. София: СМЕО. IV (146): 3. 1926.
  8. Райчевски, Стоян (2016). Бежанците от Македония и техните братства в България. София: Издателство „Захарий Стоянов“. стр. 548–549.
  9. ЦДА, ф.1960к, оп.1, а.е.32, л.2
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya