Илија Раштанов
Илиja Раштанов (Велес, 29 октомври 1878 — Софија, 1945) — македонски револуционер, просветител и деец на Македонската револуционерна организација. Член и подоцна претседател на Велешкото благотворително братство „Рајко Жинзифов“. Eден од главните организатори на Серскиот револуционерен округ. Дел од дванаесетта генерација на матуранти од Солунската машка гимназија по основниот курс. ЖивотописИлија Раштанов е роден на 29 октомври 1878 година[1] во градот Велес, тогаш дел од Отоманското Царство. Од млади години се запознал со Александар Мартулков и заедно учеле во истото основно училиште.[2] За неговото средношколско образование тој учел во Солунската машка гимназија. Во 1897 година завршил како дел од дванаесетта генерација на матуранти по основниот курс.[3] После тоа се преселува во Софија се образува во хемискиот факултет на Софискиот универзитет, завршил во 1901 година. Меѓу 1901 и 1902 година предавал во Серското педагошко училиште. Околу тој период се приклучил во Македонската револуционерна организација.[4] Во истата година тој станал раководен член на Серскиот револуционерен округ заедно со Јане Сандански и други дејци. Покрај почетокот на 1903 година тој се преселил во Скопје. За време на Илинденското востание Раштанов играл клучна улога во Скопскиот окружен комитет на организацијата, но е уапсан од турската власт и осуден за 101 години затвор во Куршумли ан и на островот Родос.[5] После востанието во 1904 година е целосно амнистиран и ослободен. За безбедност се преселува во Софија и се вработува како асистент по хемија во Софискиот универзитет.[6] Учествува во обединичкиот конгрес на Македонска федеративна организација и Сојуз на македонските емигрантски организации како делегат од Русенското македонско благотворително братство на јануари 1923 година.[7] Во тој период Раштанов се приклучува во Велешкото благотворително братство „Рајко Жинзифов“. Во 10 јануари 1926 година Раштанов бил назначен за претседател на благотворителното братство, наследувајќи го Иван Поп Јорданов.[8] Неговиот мандат траел до 3 мај 1938 година кога повторно бил одбран Иван Поп Јорданов.[9] Во 1943 година, за време на Втората светска војна, Раштанов праќа телеграм до Илинденската организација по повод на чествувањето на 40-годишната смрт на македонскиот национален херој Гоце Делчев. Во неговиот телеграм Раштанов го користи прекарот Ахил за Гоце Делчев и го именува како патријархот на македонското национално движење.[10] Починува во Софија во 1945 година.[1][11] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia