Википедија:ВикиПроект АрхеомакПроектот Археомак има за цел да помогне постоечките и новосоздадените статии од областа на археологијата и информациите содржани во нив подобро да се организираат, да се координира работата на википедијанците во поглед на категоризација, надополнување и презентација на археолошките информации. Страницата на проектот и соодветните потстраници содржат основни принципи кои би требало да помогнат во насочување на работата на википедијанците. Ако сте заинтересирани да се вклучите во овој проект, слободно дадете ги своите коментари на страницата за разговор на овој проект, станете активен член на проектниот тим или едноставно дадете придонес во уредувањето на статиите и информациите од оваа област.
ЦелиРаботата на учесниците во овој проект ќе биде фокусирана на
НасловАрхеомак УчеснициВо продолжение следи список на википедијанци учесници во овој проект. Ако сте заинтересирани за учество во проектот, слободно придружете се и станете дел од тимот. На вашата корисничка страница можете да додадете предлошка дека сте член на проектниот тим.
Регистрирани членови
Фази на проектотФаза 1Определување на списоци на археолошки наоѓалишта по населени места, од типот на Чифлик (археолошки наоѓалишта). Насловот на списокот се дефинира според принципот:
Во оваа фаза се врши исто така и вики форматирање на текстот според достапните податоци. Се врши избор на назив на наоѓалиштето, според принципот:
За пошироко познатаите археолошки наоѓалишта се зема називот како што е пошироко познат. Пример Скопско кале наместо Кале - Скопје (археолошко наоѓалиште). На почетокот и крајот од списокот се додава тагот <includeonly> кој овозможува вклучување на списокот во други статии. Пример, во статијата за селото Будинарци е вклучен списокот Будинарци (археолошки наоѓалишта), на тој начин што е формиран нов наслов, Археолошки наоѓалишта и се врши вклучување на списокот на следниов начин {{:Будинарци (археолошки наоѓалишта)}}. Фаза 2Во оваа фаза се врши разбивање на списокот на археолошки наоѓалишта, при што се формира посебна статија за секој наоѓалиште во списокот. Пример за така урдена статија е статијата Бреза - Берово (археолошко наоѓалиште). Овие статии се користат со {{Инфокутија Археолошко наоѓалиште во Македонија}}, која има неколку параметри за пополнување во зависност од типот на наоѓалиштето и периодот во кој тоа се категоризира. Можно е да се дефинираат до три типа и три временски периода. Инфокутијата автоматски врши категоризација според тип и временски период. Од список на археолошки наоѓалишта Берово (археолошки наоѓалишта) се бришат сите податоци за наоѓалиштето освен најсуштинските: локален назив на наоѓалиштето, тип и временски период. Фаза 3Во оваа фаза се вршат надополнувања на вака создадените статии со расположливи податоци, врски, фотографии и слично. Како можете да помогнете?Вклучете се во било која од фазите и дадете свој придонес во уредувањето на статиите. На страницата за разговор секој кој сака да создаде списоци на археолошки наоѓалишта отвора посебно заглавие каде што ги наведува списоците кои има намера да ги создаде со цел да не дојде до преклопување во работата. Се евидентира кој го создал списокот (фаза 1), кој ја завршил фаза 2 и кој учествувал во фаза 3. Секој може да се вклучи во било која фаза од проектот. Може да се работи и паралелно во било која фаза од проектот со произволен број на учесници. Вашето учество е добредојдено и драгоцено, без разлика од кој квалитет и интензитет ќе биде. СтруктураОсновни статии
Археолошки временски периоди
Археологија по региониАрхеолошки списоциСписок на списоци на археолошки наоѓалиштаВо продолжени следи список на списоци на археолошки наоѓалишта во Република Македонија кои се во фокусот на овој проект.
Предлошки
Оваа предлошка најчесто се користи во комбинација со {{Инфокутија Археолошко наоѓалиште во Македонија}}. Типови на археолошки наоѓалишта: Временски периоди |
Portal di Ensiklopedia Dunia