Википедија:Уредувачки маратони 2023
Во 2023 година беа организирани два уредувачки маратони. Прв маратонПланинарство во МакедонијаНа 15 мај 2023 година е одржан уредувачки маратон на тема „Планинарство во Македонија“ во периодот од 18:00 до 21:00. Настанот бил организиран во соработка со активисти од Федерацијата за планинарство на Македонија, во просториите на веќе споменатата Федерација. На настанот беа присутни вкупно 10 лица, од кои 8 беа дојдени преку Федерацијата за планинарство.
ШумарствоНа 4 октомври го одржавме уредувачкиот маратон „Шумарство“ во соработка со Здружението на студенти „ДРЕН Ханс Ем“. На работилницата учествувааа 10 нови уредувачи кои твореа со помош на координаторите Никола и Драгана. На тричасовната работилница беа создадени 14 статии во просториите на Факултетот за шумарски науки, пејсажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“.
ГеографијаНа 13 ноември го одржавме уредувачкиот маратон „Географија“ во соработка со Регионалното географско друштво „Геосфера“ од Битола. Работилницата започна во 18:30 и со последниот учесник завршивме во 23:30 часот. На работилницата учествувааа 10 нови лица и 1 повратник кои твореа со помош на координаторите Никола и Иван. На петчасовната семрежна работилница беа создадени 8 статии.
ФизикаНа 5 декември го одржавме уредувачкиот маратон „Физика“ во соработка со Македонското друштво на студенти физичари. На работилницата учествувааа 7 нови уредувачи кои твореа со помош на координаторите Никола и Иван. На тричасовната работилница беа создадени 42 статии и беше подобрена една статија. Настанот беше одржан во просториите на Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет.
|
Portal di Ensiklopedia Dunia