Тој е висок 188 см и тежок 84 кг. Играл на позиција разигрувач.
Клупска кариера
Својата кошаркарска кариера ја почнал во 1995 година во салата Парк, каде го носел дресот на Неметали Огражден. По настапот за струмичкиот тим Илиевски заминал во САД каде што настапувал на средношколско ниво во кошаркарската екипа на Средното Училиште „Св. Тома Аквински“ („St. Thomas Aquinas“) од Конектикат.[3][4]
Во мај 2000 година, Илиевски бил на списокот на пријавените неапсолвенти и странци за НБА драфтот во конкуренција од 20 кошаркари. Тој бил пријавен под југословенскиот пасош што тој го поседувал.[5]
Во мај 2008 година, Илиевски настапувал во полуфиналето („фајнал-форот“) на Евролигата, каде неговиот клуб „Сиена Монтепаски“ бил поразен од „Макаби Тел Авив“, но го освоил третото место во мечот против „Тау Керамика“. По завршувањето на Европското првенство, немајќи потпишано договор со ниту еден клуб, одредено време Илиевски тренирал во клубот „Хелиос“ од Домжале, Словенија.[6]
По настапот за чешкиот „Нимбурк“ во сезоната 2013-2014, во ноември2014, Илиевски потпишал за загребска „Цибона“.[7] Во дресот на „Цибона“, Илиевски дебитирал на 9 ноември2014 година, во натпреварот со „Крка“ во АБА-лигата при што постигнал осум бода.[8]
Во јули 2015, Владо потпишал за италијанскиот клуб Капо Д’Орландо.[9] За сезоната 2016/17, Владо потпишал со Работнички. Договорот бил со важност од една година, но во истиот постоела клаузула која му овозможувала на Илиевски да замине во странство до крајот на календарската 2016 година.[10][11] Во јануари 2017 година, Илиевски ја продолжил соработката со Работнички до крајот на сезоната.[12] По завршувањето на сезоната, Владо Илиевски се повлекол од активната кошарка.[13]
Репрезентативна кариера
Илиевски во репрезентивниот дрес
Во 2011 година, на Европското првенство во Литванија го постигнал најголемиот успех со македонската репрезентација, освојувајќи го четвртото место. На тоа првенство, Илиевски бил еден од најзаслужните за постигнатиот успех и се прославил со постигнувањето на решавачката „тројка“ во четвртфиналниот натпревар против Литванија, како и со изјавата „леле, што направивме“. Потоа, Илиевски најавил повлекување од репрезентативниот дрес, но повторно настапил за Македонија на Европското првенство во Словенија, одржано во септември 2013 година. За време на завршниот турнир во групната фаза во Загреб - Хрватска, Владо бил вториот играч со најмногу бодови во македонската репрезентација односно имал 45 бода на пет натпревари (9 по натпревар).[14] По елиминацијата на Македонија во групната фаза, Илиевски се повлекол од репрезентацијата.[15][16][17]
Во август 2019 година, Илиевски го потврдил учеството во управувањето на КК Струмица.[20] Но во септември истата година, Илиевски ја прифатил понудата да застане на функцијата претседател на кошаркарскиот клуб Илирија од Словенија.[21]