Димчевски својата кошаркарска кариера ја започнал во 2007 година во екипата на КК Вардар од Скопје. Во тимот на Вардар се задржал две сезони, а потоа се преселил во тимот на Торус каде настапил две сезони,[1] односно сè до распадот на клубот. Во 2012 година Ивица потпишал за Куманово, каде бил еден од главните столбови на играта. Пред почетокот на сезоната 2013/2014 година, Димчевски се здобил со тешка повреди, при што морал да паузира неколку месеци од кошарката.[2][3] Во март 2014 година, Ивица Димчевски го напуштил КК Куманово.[4] За сезоната 2014/15, Ивица Димчевски потпишал за Работнички.[5][6] Во 2015 година, со Работнички го освоил Купот на Македонија.[7][8] Со истата екипа, тој стигнал до полуфиналето во Првенството 2014/2015.[9][10] Во сезоната 2015/16, за време на последните тренинзи пред натпреварот од третото коло, Ивица Димчевски ги скинал лигаментите на коленото и лекарските прегледи потврдиле дека ќе ја пропушти целата сезона.[11][12][13][14] За сезоната 2016/17, Димчевски потпишал за Струмица.[15] Во јануари 2017 година, Димчевски се преместил во Кожув.[16] Во август 2017 година Димчевски потпишал за новиот прволигаш Гостивар.[17] За сезоната 2018/19, Димчевски продолжил во редовите на Гостивар.[18][19] Димчевски и Гостивар, во јули 2019 година, се договориле за уште една сезона.[20] За сезоната 2020/21, во средината на јуни 2020 година, тој потпишал двегодишен договор со кој ја продолжил соработката со Гостивар.[21][22]
↑„Тони Симиќ е кошаркар на годината“. vest.com.mk преку archive.li. 9 февруари 2010. Архивирано од изворникот на 2015-02-27. Посетено на 26 февруари 2018.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
↑„Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2020“. eurobasket.com преку web.archive.org. 24 мај 2020. Архивирано од изворникот на 2020-05-27. Посетено на 2 јуни 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)