Втора оперативна зона на НОВ на Македонија
Втора оперативна зона на НОВ на Македонија ― формирана со наредба на Главниот штаб на НОВ и ПОМ од март, 1943 година, а почнала да функционира од 20 мај, 1943 година.[1] ![]() ТериторијаЗоната го опфаќала просторот јужно од линијата Дебар-Кичево-Македонски Брод-Богомила и западно од железничката линија Богомила-Прилеп-Битола, со нивните градови и околии: Струга, Охрид, Ресен, Битола, Прилеп и Крушево. Нејзиниот штаб вршел реорганизација на постојните партизански одреди и формирал нови, вршел мобилизација на нови борци и ги организирал сите воено-заднински установи согласно директивите на Главниот штаб на НОВ и ПОМ. Во август 1944 година зоната територијално била реорганизирана и малку проширена, а во почетокот на октомври 1944 година била преименувана и територијално реорганизирана во Втора корпусна област на НОВ и ПОМ.[1] ![]() Борби и акцииМобилизирање и подготовка на народот во реонот на Долна и Горна Дебарца, за да од таму навлезе во делот од Македонија кој бил под бугарска окупација и да го нападне и ослободи градот Крушево. Со капитулацијата на Италија, одредот се вратил ѝ дејствувал во реонот на Дебарца каде заедно со останатите одреди учествуваат во разорожување на италијанските сили.[2] На 7 септември, 1943 година, Баталјонот „Мирче Ацев“ извршил три неуспешни напади на станиците во селата Лешани, Велмеј и Белчишта. Додека Одредот „Дримкол“ исто така имал борби со Италијанските сили.[2] На почетокот на месец септември 1943 година извршил значаен борбен поход во кој била создадена првата слободна територија во Македонија во Дебрца и ослободен првиот град - Кичево. Баталјонот „Мирче Ацев“ урнал три моста на патот Кичево - Охрид, исекол 130 ПТТ столбови, на 11 ноември ја запалил жандармериската станица во селото Сливово, а на 12 септември влегол во првиот ослободен град - Кичево, каде учествувал во разоружувањето на италијанскиот гарнизон. Во почетокот на октомври 1943, заедно со Првиот косовско-метохиски НО баталјон „Рамиз Садику“ и Вториот кичевски НО баталјон, влегол во состав на Групата баталјони и во периодот од 5 до 9 октомври водел борби кај селата Извор, Кленоец, железничката станица во Подвис, извршил диверзии на патот Ресен - Охрид и се судрил со бугарските гранични сили на планината Баба Сач. Кога главнината на Групата баталјони била вратена во одбрана на слободната територија на Дебрца, околу 70 борци на баталјонот дејствувале на комуникацијата Битола - Ресен.[3] СоставСпоред извештајот од 1 септември 1943 година испратен до Главниот штаб на НОВ и ПОМ, Втората оперативна зона располагала со:[2]
По осамостојувањето на Република Македонија, денот на формирањето на Баталјонот „Мирче Ацев“ е прогласен за Ден на Армијата на Република Македонија (АРМ).[5][6] Поврзано
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia