Трета оперативна зона на НОВ на Македонија
Трета оперативна зона на НОВ на Македонија ― Нејзиниот штаб бил формиран во почетокот на април, 1943 година.[1] ![]() ТериторијаТретата оперативна зона го опфаќала подрачјето источно од железничката линија Велес-Гевгелија, со градовите Велес, Кавадарци и Гевгелија. Со формирањето на Втората македонска бригада, на 20 декември 1943 година, со наредба од Главниот штаб на НОВ и ПОМ, бил укинат штабот на зоната. Во почетокот на август 1944 година, ова подрачје било припоено кон Втората оперативна зона со наредба на Главниот штаб на НОВ и ПОМ. Со истата наредба, се предвидувало оваа зона да го покрива просторот на поранешната Четврта оперативна зона (источна Македонија), каде што должностите на штабот на зоната ги вршел штабот на Четвртата македонска бригада, а од крајот на септември Штабот на педесеттата дивизија. Оваа состојба се задржала до крајот на октомври 1944 година, кога се формирани корпусните области.[1] СоставПод команда на штабот биле НОПО „Добри Даскалов“[2] и НОПО „Сава Михајлов“, а подоцна ѝ баталјонот „Страшо Пинџур“, Вториот баталјон и диверзантски групи.[1]
Поврзано
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia