Прва оперативна зона на НОВ на Македонија
Прва оперативна зона на НОВ на Македонија ― формирана во мај 1943 година, во реонот на Лопушник, на планината Бистра.[1] ТериторијаЗоната го опфаќала просторот северно од линијата: Дебар, Кичево, Македонски Брод, Богомила и Велес и западно од линијата Велес-Скопје-Качаник, со градовите Дебар, Кичево, Гостивар и Тетово.[2] Со наредба на Главниот штаб на НОВ и ПОМ од 13 август, 1943 година, нејзиниот штаб бил реорганизиран, а во првата половина на октомври 1943 година, истиот бил укинат. Единиците од Првата оперативна зона влегле во Групата баталјони, која била под непосредна команда на Главниот штаб.[1] Од август 1944 година, нејзиниот простор потпаднал под Четвртата оперативна зона на НОВ на Македонија, а согласно таа распределба и територијално била изменета. Од август 1944 година, го опфаќала просторот со градовите: Скопје, Куманово, Кратово, Крива Паланка и Прешево.[1] БиткиНа 4 август, 1943 година, била извршена првата акција на одредот - напад на карабинеријата при електричната централа во селото Вруток, каде биле заробени: еден маршал, два бригадира и 5 карабинери. додека од оружје било запленето: 1 пушкомитралез, 7 пушки, 15 бомби, 7 револвери и друг материјал. Истиот ден извршиле напад на колона на патот Маврово-Гостивар, каде биле уништени 3 камиони и еден блиндиран автомобил, при што биле убиени значителен број на окупаторски полицајци и војска.[3] На 12 септември 1943 година, Првиот партизански одред при I оперативна зона водел борба кај селото Бигор против бугарската војска која се обидела да навлезе во слободната територија.[4] Иван Дојчинов ја напишал песната „Партизанска химна на Првата оперативна зона“ која е објавена во првата стихозбирка на „Македонски народно-ослободителни песни“.[5] Состав
Поврзано
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia