Галичички езераГаличички езера — група езера од ледничко потекло на и околу планината Галичица. Можат да се поделат на три вида: постојани, периодични и повремени езера. Постојани има 2 езера, 1 е периодично езеро, а бројот на повремените заезерувања тешко може да се утврди. Природни езераПостојани езераПостојани природни езера на планината Галичица се јавуваат само во нејзиното подножје, и истите претставуваат остатоци од поголеми лагуни коишто егзистирале во геолошкото минато. Тоа се езерото Острово и Стењското Езеро (Блато). Во минатото пред изградбата на автокампот Љубаништа, на таа локација постоела лагуна, која што со изградбата на кампот е целосно уништена.
![]() Езерото Острово се наоѓа покрај јужниот крај на Охридското Езеро во близина на манастирот Св. Наум. Ова езеро спаѓа во типот на лагуни, кое е издвоено како посебен поттип на крајбрежно-изворско езеро.[1] Ова езеро е создадено со снижувањето на нивото на Охридското Езеро, при што некогашното заливче под дејството на брановите постепено е затворено со крајбрежен бедем широк околу 10 м. Езерото е долго 220 м, широко 140 м, а најголемата длабочина му изнесува 3,5 м. Помеѓу езерото Острово и Охридското Езеро постои краток површински водотек со должина од 12 м. Со вода се храни од изворите Св. Наум (коишто народот ги нарекува Изворите на Црн Дрим), односно, од 18 крајбрежни и 30 сублакустриски (подводни) извори чијашто вкупна максимална издашност изнесува 11 м3/s.[2] Во езерото се наоѓаат два острова, од коишто помалиот се користи како ресторан, а поголемиот е целосно обраснат со шума. Во август 2004 година температурата на водата на крајбрежните извори се движела од 10,7-11,5 °C, а pH вредноста се движела од 6,9-7,1, во најголем дел 7,0. Температурата на водата во средишниот дел изнесувала 11,6 °C, pH вредноста 7,0, а на излезот од езерото температурата на водата изнесувала 11,8 °C, а pH вредноста 7,2. Езерото Острово во однос на Охридското Езеро се однесува како криптодепресија, бидејќи неговото ниво е повисоко од нивото на Охридското Езеро во просек за 0,56 м, додека дното во просек му е пониско за 2,94 м од нивото на водата во Охридското Езеро. Во минатото се правени многу обиди за да се утврди потеклото на водите во изворите Св. Наум. Претпоставките биле дека нивното потекло е од водите на Преспанското Езеро, кое што е повисоко за околу 160 м од Охридското Езеро, коишто понираат низ карстните масиви на Галичица во Мала Преспа на повеќе локации (Завир, Врагодупка и др.), па имало и обиди тоа да се докаже и со уфрлање на боја во понорите.[3] Конечно во почетокот на 80тите од XX век, со примена на природни изотопи е докажано дека партиципацијата на Преспанското Езеро во водите на изворите кај Св. Наум е cca 42 % и претставува 25 % од вкупно дренираните преспански езерски води коишто понираат низ варовничките маси на Галичица.[4] Езерото Острово претставува строго заштитена зона во рамките на националниот парк Галичица.
Стењското Езеро или Стењкото Блато се наоѓа кај селото Стење кај Преспанското Езеро. Спаѓа во видот на мочуришни езера. Од Преспанското Езеро е одделено со песочен бедем широк 100 м. Јаковљевиќ навел дека бедемот е долг 400–500 м,[5] но според последните изтражувања, тој е многу подолг 1,5–2 км и го одделувал целиот Стењски Залив од Преспанското Езеро, а со засипување со нанос и поради спуштањето на нивото на Преспанското Езеро, од големата лагуна останал само нејзиниот најдлабок дел. Езерото има елиптична форма со правец на протегање северозапад-југоисток, со максимална должина од 618 м и максимална широчина од 393 м. Зафаќа површина од околу 20 ha која што во текот на годината варира, амаксималната длабочина му изнесува 3,5 м која што исто така варира. Во зависност од височината на нивото на Преспанското Езеро тоа е повремено се поврзува со истото. Последната комуникација на блатото со Преспанскто Езеро била во 1941-1942 година кога поради високиот водостој песочниот бедем бил прекинат.[6] Денес поради ниското ниво на Преспанското Езеро (кое според официјалните податоци е -7,5 м под “0” кота) на патот којшто води по самиот срт на бедемот на суво е и цевката со пречник 300 mm која што е поставена за истекување на вишокот вода од блатото во влажните периоди. Во старите карти на НП “Галичица” истото е обележано како строго заштитена зона, но од пред неколку години со ревалоризацијата на строго заштитените зони во паркот, истото е избришано од строго заштитена зона (наводно поради изградба на туристички комплекс) и не се споменува воопшто во публикациите на паркот. Во мај 2004 година длабочината му изнесувала 1,5-2,5 м, температурата на водата 14,7 °C, а pH вредноста 6,1. Во најголем дел е обраснато со трска, шавар, жолта перуника и др. Периодични езераОд периодичните природни езера на планината Галичица постои едно езеро кое што има полигенетско потекло, односно во неговото изградување улога одиграле флувијалната и карстната ерозија. На планината Галичица, во близина на Стари Завој, во месноста Езерце, во влажниот период од годината се формира периодично езерце, наречено Завојско Езеро.
Завојското Езеро е формирано во изворишните делови на Рувче Река во теренот изграден од плочести варовници со рожнаци, кои се прекриени со делувијален нанос од метапесочници. Во средишниот дел се наоѓа мала вртача со пречник 50 sm и длабочина од 20 sm. Во сушниот дел од годината дното на езерото е обраснато со шамак. Според трагите од заезерувањето, утврдено е дека езерото е со должина од 41 м (во правец СЗ-ЈИ), максимална широчина од 28,8 м (во правец СЕ-ЈЗ) и длабочина од 30 sm. Површината на езерото во овие димензии изнесува околу 944,7 м2, а волуменот околу 283,4 м3. Во некои периоди од годината езерото делува како проточно, бидејќи низ него протекува повремениот водотек кој се спушта од падините јужно од него. Со вода се храни претежно од врнежите и стопениот снег, како и со вода од повремениот водотек на Рувче Река. Повремени заезерувањаПосле топењето на снегот, карстните полиња на планина Галичица, особено Ѓафа и Суво Поле се поплавуваат, по кратко време водата се повлекува, а во вдлабнатините и во алувијалните вртачи по дното се формираат заезерувања. Ваквите заезерувања се најчести во карстното поле Ѓафа. До нивно формирање најчесто доаѓа поради неможноста на понорите по дната на алувијалните вртачи да ја примат сета вода која што се слева во нив. Голем број од ваквите заезерувања се искористени за изградба на микроакумулации, за коишто ќе стане збор нешто подоцна. Овие заезерувања не се целосно истражени и целосно евидентирани. Првото вакво заезерување се наоѓа веднаш после локвата Ѓафа, движејќи се кон југ, кој всушност претставува алувијална вртача со понор којшто не може целосно даја прими водата од стопениниот снег. При мојата посета на 02. 04. 2004 истото имаше кружен облик со должина 3,9 м, широчина 3,4 м, длабочината изнесуваше 0,8 м, но се забележуваа траги од поголемо заезерување со пречник околу 10– 11 м. Температурата на водата изнесуваше 16,3 °C, а pH вредноста 6,9. При мојата втора посета на 09. 04. 2004 г. водата беше целосно повлечена, а вртачата беше сува. Останатите локации се во близна на локвата Црвена Земја, помеѓу локвите Црвена Земја и Долна (кое што има специфичен бубрежест облик) и јужно од локвата Долна. Според кажувањето на Ристо Ламбески од с. Елшани, типично заезерување се формира во чиниестата алувијална вртача-понор во централниот дел на карстното поле Суво Поле. Имено снегот кој што се топи од околните падини на Суво Поле прави водотеци, од кои најголеми се оние од Бугарска Чука (1801 м) и од долината кај Мечкина Локва. Водите коишто се слеваат во вртачата прават заезерување, а поради понирањето водата во него постојано кружи. Вртачата е со пречник од 50 м и длабочина од 2,5 m, а истата месното население ја нарекува Црвена Земја (овде треба да се направи разлика со микроакумулацијата Црвена Земја во карстното поле Ѓафа). Поради специфичните климатски појави во последните 30-тина години, оваа појава не е забележана. Јужно од селото Илино, во месноста Влек се формира вакво повремено заезерување со пречник од 6–7 м кое што со вода се храни од дождовите и топењето на снеговите. за негово искористување во непосредна близина е изградено хранилиште за дивеч. Вештачки езераВо подножјето на планината Галичица се јавува само една мала акумулација, а додека за изградба се планирани уште две мали акумулации коишто би служеле за наводнување. За напојување на стоката во високопланинските делови на планината Галичица во 30тите години на XX век се изградени повеќе микроакумулации. Мали акумулацииМалата акумулација Рудник или Езерце всушност претставува напуштен површински коп на јаглен. Создадено е во почетокот на 80-те години на XX век со експериментален коп на јаглен во плиоцените седименти од страна на текстилната фабрика “Преспатекс” – Ресен. Езерото има неправилна трапезоидна форма со должина 150 м, широчина 78 м, максимална длабочина од 16 м, при што зафаќа површина од околу 9 360 м2 и волумен од 149760 м3 вода. Во 2004 година температурата на водата изнесувала 18,4 °C, а pH вредноста 6,4-6,5. Во западниот дел е обраснато со трска. Водата од езерото се користи за наводнување и спортски риболов на крап, со којшто истото е порибено. Со вода се храни од водоносникот во којшто е всечено, како и со вода од врнежи. Во сливот на Боунска Река се планира изградба на мала акумулација со височина од 18 м, широчина на круната од 3 м, должина 135 м и вкупна запремнина од 720 000 м3 вода од кои 546 000 м3 вода би била корисна вода, а 15 550 м3 вода како мртов простор. Водата од оваа акумулација во основа ќе се користи за наводнување на 270 ha земјоделски површини засадени со овоштарници, како и за добивање на електрична енергија, во одредени случаи за рибарство и други потреби.[7] Во сливот на Источка Река исто така се планира изградба на мала акумулација, со височина на браната од 18 м, корисна зафатнина од 700 000 м3 вода. Водата од оваа акумулација ќе се користи за наводнување на 208 ha обработливи земјоделски површини, пред сè засадени со овоштарници и за други потреби.[7] МикроакумулацииПоради недостатокот на вода за напојување на стоката во високопланинските предели на Галичица, по директна наредба на Кралот на Југославија, во 30тите години на XX век се изградени поголем број на микроакумулации. Овде се напасувале преку 100 000 грла овци. Како локации се избрани местата каде што повремено се заезерувала водата по дната на карстните полиња, во скарстените речни долини, како и во поголемите вртачи. Истите се градени со наизменично редење на слоеви црвеница и волна и набивање со помош на коњи. При секое напојување стоката се пуштала низ локвите за дополнително да се набие подлогата, па така истите и се самоодржувале. Во текот на 50тите и 70тите години од XX век се извршени одредени санациони зафати, изградени се пумпи и бетонски водопоила. Но некои санациони зафати довеле и до нивно оштетување. Микроакумулациите на број ги има 23 од коишто 9 постојано имаат вода, 7 имаат периодично вода, а 7 имаат повремено или воопшто не држат вода. Од нив една е ѕидана, две се ѕидано-земјени, 4 се бетонирани (чијшто средиштен дел е во вид на бунар и имаат заштитен прстен од ѕидани камења), а останатите се земјени. Микроакумулациите народот ги нарекува локви. Подолунаведените локви се опишани во правец од север кон југ. ![]()
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia