Глобочица (езеро)

За други значења видете Глобочица (појаснување)
Глобочица
Поглед на езерото од падините на Јабланица кај с. Бороец
Координати41°19′8.3″N 20°38′22.8″E / 41.318972°N 20.639667°E / 41.318972; 20.639667
Видвештачко
Сливни земјиМакедонија

Глобочица — вештачко езеро на реката Црн Дрим.[1] Се наоѓа на околу 20 км северозападно од Струга, а изградено е во 1965 година.

Особености

Браната е изградена од насипан камен, нејзината височина од темелот е 90 м, а од речното корито 82,5 м. Таа во основата е долга 270 м, на круната 202 м, а широчината на круната изнесува 6 м. Езерото е долго 12 км, најголемата широчина е 350 м, а просечната широчина 224 м. Во наведените рамки тоа зафаќа површина од 2,69 км2. При кота на максимално ниво на езерската вода (691,5 м) во него може да се акумулираат 68,3 х 106 м3 вода, при кота на нормално ниво (687 м) по 57,8 х 106 м2, а при кота на минимално ниво (682 м) се акумулираат 13,0 х 106 м3 вода. Наменето е за производство на електрична енергија преку хидроцентралата со моќност од 41,6 MW и за регулирање на протокот на Црн Дрим и нивото на низводно сместеното езеро Шпилје, со кое формира единствен електроенергетски систем.[2]

Галерија

Поврзано

Наводи

  1. Голабоска, Росица (19 февруари 2010, 17:17). „Охридско и натаму расте, ставен насип кај Глобочица“. Алфа тв. Посетено на 2010-05-06. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)[мртва врска]
  2. Стојмилов, А. (2002). „Физичка географија на Република Македонија“. ПМФ, Скопје.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya