Прилепско Езеро
Прилепско Езеро — вештачко езеро во месноста Гладно Поле во непосредна близина на Прилеп. Ваквата географска положба овозможува ова езеро да биде рекреативен центар и туристички мотив. Езерото е изградено на Ореовечка Река во 1967 г. и од тогаш се користи за наводнување и како технолошка вода.[1] Тоа зафаќа површина од 0,54 км2. Долго е 1,4 км, а широко 400 до 600 м. Најголема длабочина му е 28 м. Во езерото можат да се акумулираат 6.000.000 м3 вода.[2] До Прилепското Езеро се стасува по патот Велес - Прилеп (Р1312). Под езерските води се наоѓа потопеното село Пештерица. Спортско-рекреативен центарВо 2021 г. крај езерото е изграден спортско-рекреативен комплекс со летниковци, мултимедијален центар на отворено, подиум за манифестации, игралишта за кошарка, одбојка, маси за пинг-понг, четири детски игралишта, осветлена пешачка патека и пристапна рампа за лица со попреченост.[3] Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia