Подлешко Езеро

Подлешко Езеро
Поглед на Подлешко Езеро
Координати41°31′53″N 21°49′38″E / 41.53139°N 21.82722°E / 41.53139; 21.82722
Видвештачко
Сливни земјиМакедонија

Подлешко Езеровештачко езеро во близина на селото Подлес. Сместено е на околу 14 км од населбата Градско, на падините на планината Клепа, и до него се стига по асфалтен пат. Изградено е од страна на некогашниот агрокомбинат „Лозар“, со цел наводнување на многубројните површини со овошки и жито во околината на Градско.[1]

Туризам

Во мај 2015 година било најавено потпишувањето на договор на Општина Градско со Бирото за регионален развој и Министерството за локална самоуправа за спроведување на проект со средства во висина од 1,8 милиони денари за опремување на Подлешкото Езеро, со што истото би прераснало во рекреативен туристички центар. Со средствата за проектот била предвидена изградба на видиковци, рекреативни патеки, поставување на клупи и целосно уредување на околината.[1] Во ноември 2015 година било објавено дека проектот е успешно завршен.[2]

Галерија

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 П., П. (15 мај 2015). „Езерото „Подлес" ќе привлекува гости“. Утрински весник. Скопје: МПМ Македонија. Архивирано од изворникот на 2016-03-13. Посетено на 16 февруари 2016.
  2. „Акумулацијата Подлес во Градско станува привлечно одредиште за туристите“. Сител Телевизија. Скопје: Сител Телевизија. 22 ноември 2015. Посетено на 16 февруари 2016.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya