Ова е список на езерата во Македонија[1]. Езерата во Македонија според општата класификација се делат на природни и вештачки езера, кои пак се класифицираат понатака според потеклото на истите. За подобар преглед, списокот на езера е направен според потеклото на езерата каде се дадени и општите информации за истите.
Напомена: Списокот не е целосен. За некои езера недостасуваат податоци или слики, поради недостаток на информации. Постоечките податоци за длабочината на езерата ги земаат предвид максималните измерени длабочини.
↑Драган Василевски, Класификација на езерата во Република Македонија според начинот на постанокот на езерските басени, „Географски разгледи“, кн. 30. Скопје, 1995