Глобица
Глобица — историско село во Осоговијата, во атарот на денешното село Бунеш, Општина Пробиштип. Денес, месноста е популарно одморалишно место и во него се наоѓа црквата „Св. Ѓорѓи“. ГеографијаСелото било сместено во Осогово, на десниот брег на Злетовска Река, меѓу селата Ратавица од север и Трипатанци од југ. Денес, месноста е популарно одморалишно место.[2] ИсторијаСелото е споменато како владение на блискиот Лесновски манастир во грамотата на цар Стефан Душан околу 1350 година, но отсуствува во грамотата на деспотот Константин Драгаш од 1381 година.[3] НаселениеСпоред статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Глобица живееле 65 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Бучиште имало 40 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Македонци.[6] Самоуправа и политикаКон крајот на XIX век, Глобица било село во Кратовската каза на Отоманското Царство. Културни и природни знаменитости
Личности
Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia