Гризилевци
Гризилевци — село во Општина Пробиштип, во Злетовско-пробиштипскиот регион, во околината на градот Пробиштип. Географија и местоположба![]() Селото се наоѓа на крајниот северен дел на територијата на Општина Пробиштип, недалеку од патот Пробиштип-Кратово, на оддалеченост од околу еден километар, а чиј атар се допира со подрачјето на Општина Кратово.[2] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 800 метри. Од градот Пробиштип, селото е оддалечено 8 километри.[2] До селото се стигнува преку регионалниот пат 1205, од каде има исклучување со асфалтен пат до самото село. ИсторијаПодрачјето на Гризилевци е населено уште од доцната антика, за што сведочат повеќе наоѓалишта во неговата околина.[3] СтопанствоАтарот на селото е мал и зафаќа простор од 3,4 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 155,8 хектари, на пасиштата отпаѓаат 88,6 хектари, а на шумите 82,8 хектари.[2] Во основа, може да се каже дека селото има полјоделска функција.[2] Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Гризилевци живееле 90 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Гризилевци имало 120 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[6] Гризилевци е мало село доведено во состојба на раселување. Во 1961 година селото броело 228 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 33 жители, македонско население.[2] Според пописот од 2002 година, во селото Гризилевци живееле 22 жители, сите Македонци.[7] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 7 жители, сите Македонци. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиГризилевци е македонско село.[12] Според истражувањата од 1970-тите, родови во селото се:
Самоуправа и политикаКон крајот на XIX век, Гризилевци било село во Кратовската каза на Отоманското Царство. Селото влегува во рамките на Општина Пробиштип, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што биле споени поранешните општини, Пробиштип и Злетово. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пробиштип. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Пробиштип. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Пробиштип. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Пробиштип, во која покрај селото Гризилевци, се наоѓале и селата Горни Стубол, Добрево, Долни Стубол, Дренак, Калниште, Кундино, Марчино, Неокази, Петршино, Плешенци, Пробиштип и Стрмош. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Пробиштип, во која влегувале селата Гризилевци, Калниште, Кундино, Неокази и Пробиштип. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 1556 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватен објект.[13] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 10 гласачи.[14] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 5 гласачи.[15] Културни и природни знаменитости
Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia