Зарапинци е сместено во јужниот дел на територијата на Општина Пробиштип, од десната страна на Злетовска Река, а од Пробиштип е оддалечено 9 км. Селото е рамничарско и се наоѓа на надморска височина од 425 м. Селскиот атар е мал и зафаќа површина од 4,5 км2.[2]
Во 2014 г. на селото е официјално преименувано во Зарапинци.[4]
Стопанство
Вкупната земјоделска површина во атарот на селото изнесува 423 ха. Од нив 213,5 се пасишта, 204,5 ха се обработливо земјиште, а остатокот отпаѓа на шуми.[2][5]
Според истражувањата од 1970-тите, родови во селото се:
Староседелци:Грамодолци (4 к.) единствени староседелци во селото.
Доселеници:Горовци (3 к.) доселени се во првата половина на XVIII век од Прилепско; Спасовци (4 к.) доселени се на крајот од XVIII век од Кривопаланечко; Камењарци (1 к.) доселени се кон крајот на XIX век од селото Лесново; Димовци (2 к.) доселени се после турското владеење од селото Гујновци; Лазовци (1 к.) доселени се кога и претходниот род од селото Горно Барбарево; Пржевци (1 к.) доселени се кога и претходните родови од селото Кокошиње кај Куманово; Буја (1 к.) време на доселување како и претходните родови. Доселени се од селото Мартиница кај Крива Паланка; Џемпараци (1 к.) време на доселување како и претходните родови, доселени се од селото Габар кај Крива Паланка; Арсовци (1 к.) доселени кога и претходните родови. Доселени се од Црцорија кај Крива Паланка.[14]
Самоуправа и политика
Пејзаж во Злетовско-пробиштипско со селото Зарапинци од левата страна
Селото влегува во рамките на Општина Пробиштип, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што биле споени поранешните општини, Пробиштип и Злетово. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пробиштип.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Пробиштип. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Пробиштип.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Трооло, во која покрај селото Зарапинци, се наоѓале и селата Бучиште, Гајранци, Гујновци, Куково, Лезово, Пестришино, Пуздерци, Стризовци и Трооло. Во периодот 1950-1952 година, селото било дел од некогашната Општина Пуздерци, во која влегувале селата Зарапинци, Куково, Пестришино, Пуздерци, Стризовци и Трооло.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1544 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна куќа.[15]
↑ 2,02,12,2Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 129.
↑„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 848.