Трипатанци
Трипатанци — село во Општина Пробиштип, во Злетовско-пробиштипскиот регион, во околината на градот Пробиштип. Потекло и значење на иметоИмето на селото првпат е забележано во XV век, најпрвин како Горно Бучиште (селото Бучиште е во непосредна околина), а подоцна како Трипатанци. Името може да означува „три реки“ или пак „три пата“. Како друго можно објаснување е дека е изведено од исчезнатата именка трепот, која означувала топола.[2] Географија и местоположба![]() Селото се наоѓа во јужниот дел на територијата на Општина Пробиштип, недалеку од патот Пробиштип-Штип или Кочани и од левата страна на Злетовска Река.[3] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 390 метри.[3] До самото село поминува регионалниот пат 1205, од каде има исклучување со асфалтен пат до самото село. ИсторијаПодрачјето на Трипатанци е населено уште од средниот век, за што сведочи наоѓалиштето Селиште во неговата околина.[4] За време на Првата балканска војна, од селото Трипатанци имало еден доброволец кој бил дел од Македонско-одринските доброволни чети.[5] СтопанствоАтарот на селото е мал и зафаќа простор од 4,9 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 251 хектар, на пасиштата отпаѓаат 180 хектари, додека шумско земјиште нема.[3] Во основа, може да се каже дека селото има полјоделска функција.[3] Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Трипатанци живееле 160 жители, сите Македонци.[6] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[7] Селото е мало, населено со македонско население. Тоа, во 1961 година броело 295, а во 1994 година 203 жители.[3] Според пописот од 2002 година, во селото Трипатанци живееле 126 жители, од кои 125 Македонци и 1 Србин.[8] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 65 жители, од кои 55 Македонци и 10 лица без податоци.[9] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиТрипатанци е македонско село.[14] Според истражувањата од 1970-тите, родови во селото се:
Самоуправа и политикаКон крајот на XIX век, Трипатанци било село во Кратовската каза на Отоманското Царство. Селото влегува во рамките на Општина Пробиштип, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што биле споени поранешните општини, Пробиштип и Злетово. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пробиштип. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Пробиштип. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Пробиштип. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Злетово, во која покрај селото Трипатанци, се наоѓале и селата Бунеш, Древено, Зеленград, Злетово, Јамиште, Лесново, Луково, Ратавица, Турско Рудари и Шталковица. Во периодот 1950-1952, селото било дел на некогашната општина Турско Рудари, во која влегувале селата Бунеш, Рајчани, Турско Рудари и Трипатанци. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 1564 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватен објект.[15] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 109 гласачи.[16] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 106 гласачи.[17] Културни и природни знаменитости
Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia