Горно Фалише
Горно Фалише — историско село, сместено во срцето на Горни Полог на територијата на денешните граници на Општина Брвеница. ИсторијаСелото се споменува во XV век под името Горно Хвалишта. Во 1461 или 1462 година се споменува селото за патот кој „поминува од Горно Фалише за Пиргос (денешен Пирок).[2] К`нчов во последната деценија на XIX век кога ја посетил Македонија, опишал дека селото Горно Фалише до 1860 година броело 30 македонски семејства, а веќе во 1890 опустело, како и селата Палатица, Корито, Форино и Чајле, кои иста така останале опустени и празни [3] Последните жители кои го напуштиле селото се пресиле во соседното Радиовце, и од тамошната црква го донеле сребрениот крст, со кој денес се осветуваат водите за Водици и поради тоа селото има 2 крста. Денес од селото нема никакви остатоци, освен Црква „Св. Атанасиј“, која денес ја одржуваат луѓе од селото Стенче, а додека стариот селски атар целосно е вметнат во стенчанскиот. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia