Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:
Смиљановци (9 к.) најстар род во селото, доселени се од Прилепско. Основачи на родот биле браќата Смиљан и Сиљан;
Марковци (1 к.) доселени се, но не знаат од каде;
Златевци (3 к.) доселени се од денес албанското село Лисец. Го знаат следното родословие: Тоде (жив на 19 г. во 1947 година) Коце-Злате-Стојан, кој се доселил во селото;
Велковци (8 к.) доселени се од селото Синичане. Од старото село се иселиле двајца браќа Велко и Цветко. Го знаат следното родословие: Трпе (жив на 80 г. во 1947 година) Јоан-Велко, кој се доселил со неговиот брат;
Џиковци (3 к.) се сметаат за гранка на претходно наведениот род. Од старото село се иселиле најпрво во Горно Седларце, па во ова село, го знаат следното родословие: Тоде (жив на 25 г. во 1947 година) Ристо-Коце-Јован, кој се доселил од Горно Седларце;
Цветковци (1 к.) доселени се од денес албанското село Новаќе;
Стојановци (1 к.) и Таневци (1 к.) доселени се од поречкото село Брест;
Мамикомадовци (1 к.) доселени се од селото Сараќино, каде имаат истоимени роднини, подалечно потекло од Лисец.
Културни и природни знаменитости
Црквата „Св. Атанасиј“ во Долно Седларце
Црква „Св. Атанасиј“ - Долно Седларце - Во старо време на истото место постоела црква посветена на свети Атанасиј Велики, за што сведочи еден голем камен крст со тешко читлив запис. Црквата е возобновена во 1984-1985, а е осветена од Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил[12]
Општествени установи
Стопанство
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 2032 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]
↑Речник места у Ослобођеној области Старе Србије. Белград. 1914. стр. 140.
↑Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.22.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“