Давинсон Санчес
Давинсон Санчес Мина (роден на 12 јуни 1996, во Калото) — колумбиски фудбалер, играч од одбраната на Галатасарај и на колумбиската репрезентација. Технички карактеристикиФизички многу силен централен дефанзивец кој е одличен во играта во воздухот.[4] Најчесто настапува десен центарален одбранбен играч во формација со четири играчи.[5] Клупска кариераАтлетико НасионалКако младинец, Санчес играл во младинската академија на Америка де Кали, но откако неговите родители се преселиле, тој преминал во Атлетико Насионал, каде што се школувал во фудбалска смисла под крилата на Хуан Карлос Осирио.[6] Тој го имал своето деби за сениорскиот тим на 27 октомври 2013 година, во поразот со 0-1 од Бојака Чико. Осорио го ставил Санчес во почетната постава и тој го одиграл целиот натпревар.[7] На 2 март 2016 година, Санчес го постигнал својот прв гол за Насионал во победата со 3-0 над перуанскиот Спортинг Кристал во Копа Либертадорес.[8] Како резултат на неговите добри перформанси за Насионал, многу странски екипи меѓу кој Барселона, Фламенго, и Ајакс појавиле сериозен интерес да го доведат играчот во својте редови.[9][10] Барселона прва испратила формална понуда за потпишување на играчот, но Санчес ја одбил понудата, бидејќи не сакал да започне во втората екипа Барселона Б.[11] Својте одлични настапи ги комплетирал со освојувањето на Копа Либертадорес 2016 против еквадорската екипа Индепендиенте дел Вале. АјаксВо јуни 2016 година, Санчес потпишал петгодишен договор со холандскиот Ајакс, до 2021 година;[12] трансферот изнесувал 5 милиони евра.[13] Тој станал само вториот колумбиец во клубот, по Матео Касиера кој потпишал за Ајакс само неколку дена претходно. Санчес му се приклучил на својот нов тим по завршувањето на обврските со Насионал во Копа Либертадорес.[14] Санчес дебитирал за Ајакс на 13 август во ремито 2–2 против Рода, натпревар во кој стартувал и ги одиграл сите 90 минути. Три дена подоцна го имал својот прв натпревар во Лигата на шампионите во ремито 1-1 против Ростов, во плејоф рундата од квалификациите во која Ајакс бил елиминиран бидејќи во првиот натпревар во Русија загубиле со 1-4. На 15 септември 2016, дебитирал во Лигата на Европа во натпреварот Панатинаикос - Ајакс 1-2, во групната фаза. Својте први голови (постигнал два) за амстердамскиот клуб ги постигнал на 24 септември против Зволе во победата на домашен терен со 5-1. На 5 април 2017, постигнал спектакуларен гол со ножички во победа со 4-1 над Аз Алкмар.[15] На 8 мај 2017, тој бил избран за најдобар играч на Ајакс за сезоната.[16] На 24 мај, Санчес стартувал и ги одиграл комплетните 90 минути за Ајакс во финалето на Лига Европа 2016-2017, во кое неговиот тим бил поразен од Манчестер Јунајтед со 0-2 во Солна. Својата прва сезона во Европа во дресот на Ајакс ја завршил со 45 настапи во сите натпреварувања и 6 постигнати гола. Тотенхем ХотспарНа 18 август 2017, Тотенхем Хотспар го купил Санчес од Ајакс за 42 милиони фунти, потпишувајќи шестгодишен договор со младиот колумбиски стопер.[17] Своето деби тој го направил на 27 август, влегувајќи како замена на местото на Муса Дембеле во 92-рата минута во ремито 1–1 против Барнли.[18] На 13 септември, дебитирал во групната фаза од Лигата на шампионите во победата со 3-1 на домашен терен над Борусија Дортмунд. На 15 мај 2018, Санчес потпишал нов договор со Тотенхем, во трајност до 2024 година.[19] Репрезентативна кариераВо февруари 2016, селекторот на Колумбија Хосе Пекерман го повикал Санчес на тренинг со сениорската репрезентација.[20] Во мај 2018, тој се нашол на поширокиот списокот од 35 играчи на колумбиската репрезентација за Светското првенство 2018 во Русија.[21] Во јуни 2018, тој се нашол и во конечниот список на Колумбија од 23 играчи за мундијалот.[22] Тој ги одиграл сите три натпревари на својата репрезентација во групата Х, како и осминафиналниот натпревар во кој Колумбија била елиминирана од Англија по изведување на пенали.[23] Хронологија на репрезентативните настапиКлупска статистикаСтатистиката е ажурирана на 7 јануари 2019.
Титули
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia