Фернандо Муслера
Нестор Фернандо Муслера Микол (роден на 16 јуни 1986 година во Буенос Аирес) — уругвајски фудбалер, голман на Галатасарај. Како поранешен репрезентативец на својата земја, со уругвајската репрезентација бил шампион на Јужна Америка во 2011. Клупска кариераВо УругвајРоден е во Буенос Аирес Аргентина, Муслера се преселил во Монтевидео, каде што ја започнал својата професионална фудбалска кариера во екипата на Монтевидео Вондерерс, откако поминал низ сите клупски младински категории. По импресивните настапи за Вондерерс, уругвајскиот гигант Насионал се одлучил да го доведе Муслера на позајмица во 2007 година. Потоа тој се вратил во Вондерерс каде продолжил со серијата на успешни настапи, по што го привлекол вниманието на некои клубови од Европа, како римски Лацио. Лацио![]() Во август 2007 година, Лацио го купил Муслера за сума од околу 3 милиони евра.[3] Клубот претходно го купил аргентинскиот голман Хуан Пабло Карисо, со намера тој да го замени Анџело Перуци, кој се повлекол од активното играње фудбал, но поради проблемите поврзани со пасошот на Карисо, морале да купат уште еден голман. Откако изборот паднал на Муслера, тој го направил своето деби за Лацио во победата со 3-1 против Каљари на 16 септември 2007 година и направил уште четири последователни настапи од првата минута, од кој последниот му бил катастрофален во поразот на Лацио на домашен терен со 1-5 од Милан на 7 октомври, натпревар во кој тој бил виновен за четири од петте голови, кој Лацио ги примил. Како резултат на тоа, тој му го препуштил местото во почетната постава на 44-годишниот ветеран Марко Балота и останал втор избор во остатокот од сезоната, не играјќи ниту еден натпревар во Лигата на шампионите. Сепак, тој ги одиграл сите преостанати натпревари на Лацио во Купот на Италија, бележејќи добри настапи, особено во натпреварот против Наполи каде направил фантастична парада спречувајќи гол (со кој натпреварот би отишол во продолженија) во последните секунди и со тоа го одвел Лацио во следната фаза. Во Серија А, Муслера се вратил на голот на Лацио на 6 април 2008, во натпреварот против Парма на домашен терен (2-2), во кој и покрај двата примени гола бил одличен правејќи две импресивни одбрани. Тој бранел уште во три натпревари до крајот на сезоната, а во натпреварот против Палермо на 4 мај 2008 го одбранил првиот пенал во дресот на „бјанкочелестите“ по ударот на Амаури, во поразот со 1-2. Следната сезона Муслера ја започнал како голман зад аргентинецот Карисо, од кого го загубил и дресот со број 1 за да се префрли подоцна на број 86. Сепак, во средината на сезоната во јануари 2009 година по слабата форма на Карисо и неговите конфликти со управата на клубот, Муслера се вратил во почетната постава. Својот прв настап за сезоната во Серија А, Муслера го забележал во поразот со 3-1 од Сампдорија, во кој му одбранил удар од белата точка на Антонио Касано. Подоцна тој демонстрирал импресивни перформанси и во победите над Наполи и Џенова, како и во неговиот прв настап во Дерби дела Капитале против Рома, каде Муслера со неколку интервенции му помогнал на Лацио да слави победа над градскиот соперник со 4-2. Тој исто така бил интегрален дел од тимот на Лацио во успехот на клубот во Купот на Италија 2008-2009, правејќи одлучувачки одбрани во победите над Милан и Јувентус со што го одвел Лацио во финалето на купот, за првпат по пет години. Во финалето на 13 мај 2009, во кое Лацио ја победил Сампдорија со 6-5 на пенали (било 1-1 по продолженијата), Муслера одбранил два пенала на Антонио Касано и Уго Кампањаро и бил еден од најзаслужните за освојувањето на трофејот.[4] Од сезоната 2009-2010 тој го зацементирал местото на прв избор на голот на „бјанкочелестите“, и покрај доаѓањето во клубот на Албано Биѕари. На 8 август 2009, Муслера бил на голот на Лацио во победата со 2-1 над шампионот на Серија А 2008-2009, Интер, во Суперкупот на Италија 2009 одигран во Пекинг. На 20 август 2009 го одиграл својот прв натпревар во некое од европските натпреварување, започнувајќи и бранејќи целиот натпревар во победата на Лацио во Рим со 3-0 над шведскиот Елфсборг во плејоф рундата од квалификациите за УЕФА Лига Европа. По одличните настапи и за својата репрезентација на Светското првенство 2010, Муслера бил изгласан за седми најдобар голман во светот според Интернационалната федерација за фудбал, историја и статистика (IFFHS).[5] Галатасарај![]() На 19 јули 2011, турскиот клуб Галатасарај објавил дека потпишале петгодишен договор со Муслера од Лацио додека тој бил на должност со Уругвај на Копа Америка 2011.[6] Во трансферот бил вклучен и Лорик Цана кој заминал во спротивна насока од Галатасарај во Лацио.[7] Дебитирал во Турската Суперлига на 11 септември 2011, во поразот со 2-0 од Истанбул ББ.[8] На 5 ноември 2011, Муслера бил избран за играч на натпреварот, откако го одбранил својот прв пенал за Галатасарај во натпреварот против Мерсин Идманјурду, во ремито без голови 0-0. На 8 април 2012 година, во последното коло од сезоната во Суперлигата, Муслера го постигнал својот прв гол во кариерата, од пенал против Манисаспор. Во истиот тој натпревар, Муслера ја забелеажал својата 19-та сува мрежа за сезоната, со што поставил рекорд на сите времиња во турското првенство.[9] Следната сезона, Муслера продолжил да биде прв голман на Галатасарај. На 19 септември 2012, тој го направил своето деби во Лигата на шампионите во натпреварот против Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд. Галатасарај загубил во тој натпревар со 1-0, и покрај тоа што Муслера му одбранил пенал на Нани. Сепак, во вториот натпревар од групата против истиот противник, Муслера ја забележал својата прва сува мрежа во елитното европско натпреварување (Галатасарај го победил Манчестер Јунајтед со 1-0 на Турк Телеком Арена). Тој одиграл 33 од 34 натпревари на Галатасарај во Суперлигата, помагајќи им да ја освојат шампионската титула во Турција. Репрезентативна кариераТој собрал 9 настапи во репрезентацијата под 17 години, и 9 натпревари во репрезентацијата под 20 години (Колумбија 2005). За првпат бил повикан во сениорската репрезентација на „Селесте“, од страна на селекторот Оскар Табарес за натпреварите против Перу и Колумбија од квалификациите за Светското првенство 2010. На 10 октомври 2009 дебитирал како стартер за сениорската репрезентација на Уругвај во натпревар од квалификациите за Светското првенство 2010, против Еквадор. Уругвај победил во тој натпревар со 1-2 по целосен пресврт со гол во судиското продолжение. На 14 ноември 2009, во својот трет репрезентативен настап, за првпат Муслера ја сочувал својата мрежа сува во националниот дрес во гостинската победа со 0-1 против Костарика; благодарение на ремито 1-1 во Монтевидео во реваншот против истиот противник, Уругвај се квалификувал за Мундијалот во Јужноафриканската република како победник на плејофот КОНКАКАФ - КОНМЕБОЛ. Во завршницата на Светското првенство во 2010 година како прв голман на Уругвај, Муслера ја завршил групната фаза без да прими ниту еден гол (единствениот голман на кој му успеало ова заедно со Едуардо од Португалија). На 2 јули 2010, одбранил два пенала во пенал-завршницата во четвртфиналето против Гана, прво на Џон Менса а потоа и на Доминик Адија, носејќи ги Селесте во полуфинале на Светско првеснтво за првпат по 1970. Уругвај потоа бил поразен со 2-3 од Холандија во полуфиналето, а со истиот резултат, го загубиле и натпреварот за третото место против Германија. ![]() За време на Копа Америка 2011 тој примил само два гола во групната фаза и еден во четвртфиналето. На 16 јули 2011, во пенал завршницата против Аргентина во четвртфиналето Муслера го одбранил ударот на Карлос Тевес и го одвел Уругвај во полуфиналето со победа од 5-4 по изведување на пенали, откако претходно по 120 минути игра натпреварот завршил 1-1.[10] На 19 јули 2011, Уругвај го победил Перу со 2-0 и се пласирал во финалето на Копа Америка 2011. На 24 јули 2011, Муслера со Уругвај триумфирал на Копа Америка сочувувајќи ја својата мрежа сува во победата со 3-0 во финалето над Парагвај.[11] И покрај тоа што го завршил турнирот со само 3 примени гола, наградата за најдобриот голман на настанот му била доделена на парагваецот Хусто Виљар.[12] На 5 мај 2013 бил повикан од селекторот Табарес, на списокот од 23 играчи за Купот на конфедерации 2013 во Бразил. Тој го имал своето деби на 16 јуни, за време на првиот натпревар од групата против Шпанија; "црвенaтa фуриja" победила со 2-1.[13] На 23 јуни Уругвај ја минал групната фаза, а во полуфиналето се сретнале со домаќинот Бразил. Три дена подоцна Уругвај бил поразен во полуфиналето со 2-1.[14] На 30 јуни Уругвај, исто така, загубил и во натпреварот за третото место, на пенали против Италија иако Муслера одбранил еден од ударите од белата точка (на Де Шиљо), сепак неговиот колега од спортивната страна Џанлујџи Буфон бил поуспешен и одбранил три пенали на неговите сонародници.[15] Муслера го завршил турнирот со 4 настапи и 7 примени гола. ![]() Во 2014 година учествувал на своето второ светско првенство во кариерата, на Светското првенство 2014 во Бразил. Дебито на турнирот го направил на 14 јуни во поразот од 3-1 против Костарика. Сепак, во следните два натпревари Муслера примил само еден гол, а Уругвај забележал две победи со кој изборил пласман во осминафиналето како второпласиран во групата зад Костарика, но пред Италија и Англија. На 28 јуни 2014 година, Уругвај сепак бил елиминиран во осминафиналето од јужноамериканските соперници Колумбија со 2-0, а првиот гол што Муслера го примил во тој натпревар од Хамес Родригес бил избран за Гол на годината. На 23 мај 2015 бил повикан да учествува на Копа Америка 2015 кој се одржал во Чиле. Дебито на турнирот го имал во првиот натпревар од групната фаза, победата со 1-0 против Јамајка. Иако Уругвај завршил на третото место во групата зад Аргентина и Парагвај, тие сепак се квалификувале понатаму како една од двете најдобро рангирани третопласирани екипи во групната фаза, и избориле двобој во четвртфиналето со домаќинот Чиле.[16] Турнирот завршил предвреме за уругвајската репрезентација, бидејќи на 24 јуни 2015 година биле поразени од Чиле со 1-0.[17] ![]() На 26 март 2016 година, во натпреварот од квалификациите за Светското првенство 2018 против Бразил, кој завршил 2-2, Муслера стигнал до бројката од 78 настапи за уругвајската репрезентација; исто колку што имал и Родолфо Родригес, уште еден историски голман на уругвајската репрезентација, а веќе во следниот (победата над Перу дома со 1-0) станал голман со најголем број на настапи во дресот на селесте. Na 14 мај 2016 година бил повикан за Копа Америка Сентанарио во Соединетите Американски Држави.[18] Муслера ги одиграл сите три натпревари на Уругвај, но селесте испаднале уште во групната фаза со една победа и два порази. На 2 јуни 2018 бил избран меѓу 23-те играчи на Табарес за Светското првенство 2018 во Русија,[19] на кое исто така ја имал улогата на прв голман на Уругвај, играјќи ги од почеток до крај сите 5 натпревари на својата репрезентација на турнирот. Ова исто така за него претставувал трет мундијал на кој настапил во кариерата. На 25 јуни, за време на натпреварот против Русија, тој го забележал својот 14 настап на Светските првенства, со што го надминал својот сонародник Ладислао Мазуркевич како уругваец со најмногу одиграни натпревари на Мундијалите.[20] Во истиот натпревар, исто така, тој го запишал својот стотти настап за уругвајската репрезентација.[21] Откако во сите три натпревари од групната фаза не примил ниту еден гол, во четвртфиналниот натпревар против Франција (0-2) тој направил грешка при вториот гол, придонесувајќи за елиминација на Уругвај од турнирот.[22]. Повикан и за Светското првенство 2022 во Катар, овојпат тој има улога на резервен голман (зад Серхио Рочет).[23] На 25 април 2024 година, по 133 натпревари со „Селесте“, тој објави дека се повлекува од репрезентацијата на Уругвај.[24] Хронологија на репрезентативните настапиКлупска статистикаСтатистиката е ажурирана на 9 јули 2018.
Репрезентативна статистика
Титули
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia