Дамијано Карузо (италијански: Damiano Caruso; р. 12 октомври 1987) — италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Тим Бахреин Викториус.[1]
Карузо исто така бил италијански првак под 23 години на друмската трка.[2]
Кариера
Роден во Рагуза, Сицилија, Карузо се натпреварувал како професионалец од втората половина на 2009, натпреварувајќи се за ЛРП Бракес-Фарнезе Вини,[3] и екипите Де Роса-Стак Пластик,[4] пред да се придружи на Ликвигас-Канондејл за сезоната 2011.[5][6][7] Во октомври 2011, италијанскиот олимписки комитет побарал Карузо да биде суспендиран од натпреварувањата на две години, иако тоа било ретроактивно од декември 2010, во врска со допинг обвинувањата во 2007.[8] Тој добил ретроактивна едногодишна забрана во февруари 2012, дозволувајќи му да се врати на натпреварувањата, без да биде суспендиран, но сите негови резултати од 2011 му биле поништени.[9] Карузо го држел водството во пласманот за млад возач на Џиро д’Италиjа, откако возачот на Гармин-Баракуда Питер Стетина загубил време на осмата етапа.[10]
Во август 2014 година, Карузо потпишал повеќегодишен договор со екипата БМЦ Рејсинг Тим.[11] На крајот на 2014 година, карузо забележал пласман помеѓу првите десет на Вуелта а Еспања, завршувајќи деветти во генералниот пласман. Во 2015 година, Карузо завршил осми на Џиро д’Италија.[12] Бил вклучен во почетниот состав на екипата за Тур де Франс 2015.[13]
Во август 2018 година, Бахреин-Мерида објавиле дека Карузо ќе им се приклучи во сезоната 2019 на двегодишен договор, главно како помошник на големите трки и предводник на екипата на пократките етапни трки.[14]
Достигнувања
- 2005
- 1. Краен пласман Тре Сиклистика Брешана (јуниор)
- 1. Етапа 2
- 2007
- 4. Краен пласман, Џиро дела Тоскана
- 4. ГП Мадона деле Граци
- 5. ГП Кјанти Кастело Џикардини ди Попијано
- 5. Трофео Темпестини Ледо
- 8. Трофео Џанфранко Бјанкин
- 9. Трофео Банка Пополаре ди Виченца
- 2008
- 1.
Италијанско друмско првенство под 23 години
- 2. Краен пласман, Џиро деле Вали
- 2. Џиро дел Монталбано
- 3. ГП Кјанти Колине Делза
- 3. ГП Индустрија Комерсио е Артиџанато
- 3. ГП Сита ди Салтино
- 4. Парма-Ла Специја
- 5. Басано-Монтеграпа
- 5. ГП Кјанти Кастело Џикардини ди Попијано
- 6. Џиро дел Канавезе
- 9. Краен пласман Тур де л’Авенир
- 9. Трофео Банка Пополаре ди Виченца
- 2009
- 1. Краен пласман Џиро деле Песке Нетарине ди Ромања
- 1. Етапа 5
- 1. Трофео Комуне ди Кафасе
- 1. Етапа 2, Џиробио
- 3. ГП Кјанти Кастело Џикардини ди Попијано
- 4. Парма-Ла Специја
- 4. Трофео Банка Пополаре Пива
- 4. Милано-Рапало
- 5. Копа Кокоња
- 7. ГП Претола
- 8. Пикола Санремо
- 9. Трофео Марио Занки
- 9. Фиренца-Емполи
- 2010
- 5. Краен пласман Џиро ди Сардења
- 5. Џиро дел’Апенино
- 7. Краен пласман Трка Бриксија
- 7. Краен пласман Сетимана интернационале ди Копи е Бартали
- 10. Краен пласман Џиро дел Трентино
Поништени резултати од 6 октомври 2010 г. до 5 октомври 2011 г.
- 2011
- 4. Краен пласман Џиро дела Провинција ди Реџо Калабрија
- 6. ГП Сита ди Камаиоре
- 2011
- 7. Јапонски куп
- 2012
- 3. Краен пласман Трка околу Британија
- 8. ГП Мигел Индуран
- 9. Џиро ди Тоскана
- 2013
- 1. Етапа 5 Сетимана Интернационале ди Копи е Бартали
- 1.
Планински пласман Трка околу Пекинг
- 3. Краен пласман Трка околу Алберта
- 2014
- 3. Краен пласман Трка околу Австрија
- 5. Краен пласман Сетимана интернационале ди Копи е Бартали
- 5. Тре Вали Варезине
- 6. Краен пласман Трка околу Словенија
- 9. Краен пласман Вуелта а Еспања
- 2015
- 1. Етапа 9 (ТТТ) Тур де Франс
- 8. Краен пласман Џиро д’Италија
- 9. Класик Јужни Ардени
- 2016
- 1.
Планински пласман Вуелта а Андалусија
- 1. Етапа 1 (ТТТ) Тирено-Адријатико
- 5. Краен пласман Трка на Фјордовите
- 2017
- 1. Етапа 1 (ТТТ) Вуелта а Еспања
- 1. Етапа 1 (ТТТ) Тирено-Адријатико
- 2. Краен пласман Тур де Свис
- 4. Национално друмско првенство
- 9. Краен пласман Тур Ла Прованс
- 2018
- 1. Етапа 3 (ТТТ) Тур де Франс
- 2. Краен пласман Тирено-Адријатико
- 1. Етапа 1 (ТТТ)
- 3.
Светско првенство во екипен хронометар
- 5. Краен пласман Критериум ди Дофине
- 5. Краен пласман Трка околу Германија
Распоред на резултатите на големите трки
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
Надворешни врски