Тирено-Адријатико 2016 — 51. издание на велосипедската етапна трка Тирено-Адријатико, која се одржала од 9 до 15 март 2016 година. Претставувала трета трка во сезоната на Светската турнеја.[1]
Поради откажување на петтата етапа, трката имала шест етапи, со вкупно растојание од 850,8 км.[2][заб 1]
Рута
Рутата за Тирено-Адријатико 2016 била објавена во декември 2015 година во Камаиоре, каде и започнала самата трка.[3][4] Првата етапа претставувала екипен хронометар долг 22,7 километри на брегот. Втората — прва друмска етапа — завршувала на кратко искачување, што ја правело подобна за специјалистите на класиците. Третата и четвртата етапа имале рамни завршници, подобни за спринтерите. Петтата етапа била кралска етапа на трката: вклучувала пет категоризирани искачувања, завршувајќи со 13-километарско искачување на Монте Сан Вичино. Шестата етапа повторно била за спринтерите. Трката завршила во Сан Бенедето дел Тронто петнаесетта година по ред со поединечен хронометар во должина од 10,1 километар за одлучување на завршниот пласман.[4]
Екипи
Бидејќи Тирено-Адријатико е настан од Светската турнеја на UCI, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да испратат екипа на трката.[5] На пет професионални континентални екипи им биле доделени специјални покани.[6]
Сите екипи започнале со максималните осум дозволени возачи, со што главната група била сочинета од 184 возачи.[7][8]
Екипи во Светската турнеја на UCI
Професионални континентални екипи
Етапи
Етапа 1
- 9 март 2016 – Лидо ди Камаиоре, 22,7 км (екипен хронометар)
Резултат од етапа 1
|
|
Генерален пласман по етапа 1
|
Етапа 2
- 10 март 2016 — Камаиоре до Помаранче, 207 км
Резултат од етапа 2
|
|
Генерален пласман по етапа 2
|
Етапа 3
- 11 март 2016 — Кастелнуово Вал ди Чечина до Монталто ди Кастро, 176 км
Резултат од етапа 3
|
|
Генерален пласман по етапа 3
|
Етапа 4
- 12 март 2016 — Монталто ди Кастро до Фолињо, 222 км
Резултат од етапа 4
|
|
Генерален пласман по етапа 4
|
Етапа 5
- 13 март 2016 — Фолињо до Монте Сан Вичино, 178 км
Етапата била откажана поради снег.
Етапа 6
- 14 март 2016 — Кастелраимондо до Чепагати, 210 км
Резултат од етапа 6
|
|
Генерален пласман по етапа 6
|
Етапа 7
- 15 март 2016 — Сан Бенедето дел Тронто (поединечен хронометар), 10,1 км
Резултат од етапа 7
|
|
Краен генерален пласман
|
Поредок
Белешки
- ↑ Првично биле предвидени 1.019,8 км, растојанието било намалено на 850,8 км по откажувањето на петтата етапа.
Наводи
Надворешни врски