Ваут Пулс
Ваутер Пулс (холандски: Wouter Poels; р. 1 октомври 1987) — холандски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Инеос Гренадиерс.[1] Кариера![]() Откако настапувал со екипата Вакансолел-ДКМ од 2009,[2] Пулс се преместил во екипата Омега Парма-Квик Степ за сезоната 2014.[3] Скоро и да го загубил својот бубрег по страшниот пад на шестата етапа на Тур де Франс 2012.[4] Во септември 2014 година, Тим Скај објавил дека Пулс ќе им се приклучи од 1 јануари 2015 година.[5] Негова прва победа за екипата се случила на Тирено-Адријатико 2015, каде ја предводел екипата по повлекувањето на Крис Фрум. Пулс ја освоил четвртата етапа со напад на последното искачување и соло спуст до целта. Го преземал водството на трката, но не успеал да го задржи и на крајот завршил на седмото место.[6][7] Подоцна завршил втор на Трката околу Британија, освојувајќи ја најтешката планинска етапа со завршница на нагорнина. Во 2016 година, Пулс по првпат освоил еднодневна трка откако спринтал за победа од четиричлена група на Лиеж-Бастон-Лиеж 2016. Тоа било прв монумент за Тим Скај и за самиот Пулс.[8][9] Достигнувања
Распоред на резултатите на етапните трки
СО = се откажал; — = не учествувал Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia