Орашко Кале
![]() Град(иште) Собри (или Орашко Кале) — рударска и гранична тврдина и регионално средиште во атарот на селото Орашје, Тетовско.[1][2][3][4][5][6] МестоположбаМесноста лежи на највисокиот дел од еден долг и тесен огранок што од планинскиот масив на Шара се спушта кон Вардар. Јужниот дел на огранокот завршува во Дервенската Клисура, затворајќи ја од северната страна. Градиште е оддалечено 1 кмод Вардар и 3 кмјугоисточно од Орашје и се издига 110 м високо над реката. Двете страни му се многу стрмни и паѓаат во длабоките бразди на Љуботенска Река и на еден поток. Има лесен пристап од север и југ. На падините источно од Градиште лежат стари рудници на железо и сребро и денешните копови на рудникот Радуша (хром). Низ Дервенската Клисура водел стариот пат од Скопје кон Полозите и кај Градиште се одвојувал од него патот кон преминот Вратница на север, водејќи кон Качаник, Косово и Призрен. Најстари остатоциВо доцноантичко време на Градиште било изградено обѕидие во цврста малтерна техника, кое опкружувало 3 простори:
Северно од крепоста, на зарамнетиот срт на ридот, на просторот до 3 ха се протегала неукрепена населба. Наоди во крепоста: керамика, повеќе монети од IV — VI век, многу парчиња ситни предмети ковани од железо или лиени од бронза и сребро. Крепоста ја контролирала границата меѓу провинциите Превалитана и Дарданија, што била повлечена преку овој цотег. Воедно ги штитела гореспоменатите блиски рудници, а преработката на металите во неа претставувала стопански основ на населението во и околу неа. Средновековни остатоци![]() На обѕидието на акрополата се гледаат големи обновувања во доцниот среден век: била доградена северната кула-бастион и ѕидниот потег југозападно од неа, со полукула на западниот крај и сложен премин со скали и рампи пред него. Тука се следат дури две или три накнадни преправки. Јужното чело на акрополата било изградено целосно и денес е запазено во височина од 9—11 м. Тоа остава впечаток на вонредна монументалност и атрактивност, со што го вбројува градот Собри меѓу нашите најдобро запазени крепости од средниот век. Челото е повлечено во права линија запад — исток, долго е вкупно 30 м, а една од двете кули на него има белези на донжон (од XIII—XIV век). До неа од внатрешната страна стоела голема правоаголна градба — трпезарија или коњушница (?), чиишто горни катови служеле несомнено за живеење. Во доцниот среден век покрај акрополата биле населени и двете подградија и неукрепената варош северно од нив, на чиј северен дел лежат урнатините од една средновековна црква. Црквата е делумно откопана од Р. Грујиќ (во 1939 г., необјавено). На целиот простор се среќаваат парчиња од средновековна грнчарија и предмети исковани од железо (ножеви, врвови од стрели со средновековни форми, алатки, шарки и кламфи, токи, делови од брави, клинци и др.). Една мамуза од железо со специфична форма упатува на IX-X век а турските акчиња во XV век, ја претставуваат временската рамка во која егзистирала крепоста. Крепоста Собри имала функција речиси иста како и доцноантичката: ги чувала двете спомнати патишта и премините на СЗ граница на Византија кон полунезависните српски земји преку Шара, а ги контролирала и обновените рудници во околината. Своето монументално утврдување градот Собри го добил несомнено по српските освојувања на Полог и по уривањето на византискиот центар Лешок (во 1190 г.). Потоа Собри станало главна крепост во овој регион, а несомнено и стопанско средиште благодарение на рудниците и металургијата. Не само во крепоста и населбата до неа, туку и во целата околина лежат бројни згуришта и трагите од обработката, пржењето и топењето на железо, бакар и сребро. Во тој регион и денес се наоѓаат коповите на рудниците Јегуновце и Радуша. По cѐ изгледа дека и Турците ги користеле овие рудници некое време, а поради нив и тврдината Собри. Можно е последните преправки во тврдината да потекнуваат токму од турско време. Во пописниот дефтер од 1467/68 г. покрај селото Собри (кое тогаш броело 73 куќи) е спомната и тврдината Собри (В. Кравари 1989, 221). Галерија
НаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia