Црква „Св. Атанасиј“ - Радиовце
„Св. Атанасиј“ — црква во селото Радиовце, Тетовско. Влегува во состав на во Милетинската парохија при Тетовското архијерејско наместништво на Полошко-кумановската епархија на Македонската православна црква. Црквата се наоѓа на сретсело, до стариот пат што води за Гостивар, односно за Тетово. Возобновена е некаде на почетокот на XX век. Во периодот околу 1919 година, Крсте Николов Колоски (1839-1938) заедно со син му Рафаил-Рафе и со Митре Донески од Лазарополе ја живописуваат црквата.[1] Ноќта помеѓу 8 и 9 февруари 2013 г. црквата била цел на кражба, при што биле украдени пари.[2] ИсторијаЗнаејќи дека селото Радиовце и не е толку старо (првите населувања се некаде после 1400 година), може да се заклучи дека црквата, односно нејзините стари темели не можат да бидат постари од 500-600 години. Сегашниот изглед на црквата датира од 1917 година, кога со личен декрет на тогашниот српски крал, наредува да се изгради нова црква за православното македонско население од селото. Дотогаш селаните оделе во црква на истото место,каде имало малечка и доста дотраена црква. Се смета дека првите 100 години кога се населувало селото црквата била по на југ за околу 2 км.,но и кога самото село се преселило на сегашното место ја префрлиле и црквата,односно задржано е името на светецот. Градба![]() Црквата е градена во обична правоаголна форма,што е карактеристично за скоро сите цркви градени во XX век. Градена е од камен и тули, а од надвор е малтерисана.Таа спаѓа во редот на помаките цркви.Внатрешноста на црквата е осветлена со по три прозорци на јужната и северната страна. Главниот влез во црквата е од западната страна, а има и два споредни влеза од јужната и северната страна.Црквата во горниот дел завршува со две куполи.Едната е повисока,но помала во обем,а другата пониската е тројно пообемна. И двете се осумстрани со по осум прозорци. Нешто пред 2000 е целосно обновена фасадата и покривот освен куполите. Внатрешно е целосно поплочена со мермер. Како и секоја црква така и оваа има и помошни објекти. Највпечатлив е објектот на кујната и трпезаријата, каде се готви и јаде на парастоси и црковни веселби. Тие се опремени со најсовремени објекти. Уште поголем впечаток остава и самата камбанарија, која е висока над 10 метри. Во дворот на црквата има и базен, во кој на Богојавление се фрла крстот.
![]() ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia