Ебеплија
Ебеплија — мало село во областа Јуруклак, во Општина Карбинци, сместено во околината на градот Штип. Потекло на името![]() Името на селото веројатно доаѓа од турскиот збор „еба“, што означува пуст, неплоден.[2] Географија и местоположбаОва мало село се наоѓа во областа Јуруклак, во југоисточниот дел на територијата на Општина Карбинци, а на северозападните ограноци на планината Плачковица.[3] Селото е планинско, на надморска височина од 900 метри. Од градот Штип е оддалечено околу 20 километри.[3] Во атарот на селото се наоѓа помошната писта на Плачковица. ИсторијаВо XIX век, Ебеплија било село во Штипската каза на Отоманското Царство. За време на Првата светска војна, Јуруците во селото ги поддржувале четите на ВМРО. Во селото, во 1915 година е убиен Георги Николов, четник на ВМРО кој извршил предавство. Во поново време, името на селото се поврзува со трикратниот убиец Мустафа Шефаит. Тој во 2000 година со ловечка пушка ги убил Малиш Анакиевски кај селото Руљак, како и Тоде Цветанов и Никола Николов во селото Црвулево. Воедно, ранил уште три лица.[4] СтопанствоАтарот зафаќа простор од 8,2 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 487,8 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 78,2 хектари, а на пасиштата само 7,8 хектари.[3] Селото, во основа, нема некоја развиена стопанска функција.[3] Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 80 жители, сите Турци.[5] Според Димитар Гаџанов, во 1916 година во селото живееле 102 жители, сите Турци.[6] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Турци.[7] Селото е мало и е во фаза на наполно раселување. Така, во 1961 година броело 26 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 11 жители, турско население.[3] Според пописот од 2002 година, во селото Ебеплија живееле 11 жители, сите Турци.[8] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 13 жители, од кои 9 Турци и 4 лица без податоци.[9] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на Општина Карбинци, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Карбинци. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Штип. Селото припаѓало на некогашната општина Штип во периодот од 1957 до 1965 година. Во периодот од 1955 до 1957 година селото се наоѓало во рамките на тогашната општина Радање. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Радање, во која покрај селото Ебеплија, се наоѓале и селата Вртешка, Голем Габер, Јунузлија, Калапетровци, Калаузлија, Кепекчелија, Кошево, Курфалија, Кучилат, Кучица, Мал Габер, Мичак, Муратлија, Никоман, Оџалија, Почивало, Прналија, Радање и Шашаварлија. Селото припаѓало на Општина Кучица во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Вртешка, Ебеплија, Кучица, Мичак, Муратлија и Прналија. Избирачко местоСелото е опфатено во избирачкото место бр. 2328 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во селото Прналија. Во избирачкото место се опфатени селата Вртешка, Ебеплија и Прналија.[14] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 149 гласачи.[15] На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 153 гласачи.[16] Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia