Таринци
Таринци — најголемо село во Општина Карбинци, сместено во околината на градот Штип. Потекло на иметоИмето на селото доаѓа од Тараинци што доаѓа од личното име Тарах или Тараха преку грчкиот збор „тарахас“ со значење оној што се кара, што предизвикува караница или од грчкиот збор „тарахос“ со значење оној што се плаши, плашливец. Втора можност е да доаѓа од топонимот Тара(х)ин што исто се поврзува со грчко потекло со значење шум, бркотија. Трета можност е да доаѓа од личното име Тараха при што коренот Тар- и суфиксот -аха се сретнуваат низ словенските јазици. На крај, се споменува можност името да доаѓа од личното име Таридин, кој бил кмет на Брегалничката област во IX век.[2] Географија и местоположбаОва село се наоѓа во југозападниот дел на територијата на Општина Карбинци, од левата страна на реката Брегалница.[3] Селото е рамничарско, на надморска височина од 310 метри. Од градот Штип е оддалечено 11 километри.[3] ИсторијаАрхеолошките истражувања потврдуваат дека селото Таринци се одликува со долга историја. Така, во наоѓалиштето Вршник, во атарот на селото Таринци е откриена населба од неолитот, додека во наоѓалиштето Кнежевска Могила се пронајдени археолошки експонати од античкиот период (од 2 век до 4 век п.н.е.).[4] Во XIX век, Таринци било село во Штипската каза на Отоманското Царство. СтопанствоАтарот зафаќа простор од 11,6 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 739 хектари, на пасиштата отпаѓаат 291 хектар, а на шумите само 31 хектар.[3] Селото, во основа, има полјоделска функција. Во селото има услужни објекти и фабрички погон.[3] Во селото работи свињарската фарма Макмесо.[5] Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 85 жители, сите Македонци.[6] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[7] Таринци во 1961 година имало 605 жители, од кои 595 биле Македонци, а 10 жители Турци. Во 1994 година бројот се зголемил дури на 909 жители, само македонско население.[3] Според пописот од 2002 година, во селото Таринци живееле 905 жители, од кои 902 Македонци и 3 Срби.[8] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 742 жители, од кои 701 Македонец, 7 Роми, 6 Срби и 28 лица без податоци.[9] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Општествени установи
Самоуправа и политикаСелото претставува дел од Општина Карбинци, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Карбинци. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Штип. Селото припаѓало на некогашната општина Штип во периодот од 1957 до 1965 година. Во периодот од 1955 до 1957 година селото се наоѓало во рамките на тогашната општина Радање. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Карбинци, во која покрај селото Таринци, се наоѓале и селата Аргулица, Бурилчево, Караорман, Карбинци, Козјак, Кучичино, Припечани, Руљак и Црвулево. Селото било дел од некогашната Општина Радање во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Голем Габер, Јунузлија, Калаузлија, Кепекчелија, Кучилат, Курфалија, Мал Габер, Оџалија, Радање и Таринци. Избирачко местоВо селото се наоѓа избирачкото место бр. 2320 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[15] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 705 гласачи.[16] На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 712 гласачи.[17] Културни и природни знаменитости
Култура и спортВо селото работат фудбалскиот клуб „Таринци-Макмесо“.[20] Галерија
Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia