Долно Трогерци
Долно Трогерци — село во Општина Карбинци, сместено во околината на градот Штип. Географија и местоположбаОва село се наоѓа во северозападниот дел на територијата на Општина Карбинци, од левата страна на патот Штип-Кочани.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 400 метри. Од градот Штип е оддалечено 14 километри.[2] Селото е сместено на крајните југозападни падини на Осоговските Планини, додека на југ се протега широката долина на реката Брегалница. До селото водат асфалтни патишта од Долни Балван, како и од штипското село Врсаково.[3] ИсторијаВо XIX век, Долно Трогерци било село во Штипската каза на Отоманското Царство. Помеѓу 15 и 16 август 1903 во битка со турски аскер од 200 души во селото загинува заедно со неговата чета од 9-12 комити Георги Данев, наречен Ѓоше војвода, деец на ВМОРО. За време на Српската окупација од 1912 г. до 1941 г. (подоцна од 1918 г. Кралство на Србите, Хрватите и Словенците; од 1929 г. до 1941 г. Кралство Југославија) селото страда силно.[4] Почетокот на есента 1915 г. биле одвлечени од своите домови 6-мина селани, кои повеќе не се вратиле. Нивните имиња се: Јане Шаклев (над 70 г.), Јане Стојчев (70 г.), Санде Кузин (85 г. одвај одел), Саздо Иванов (55 г.), Лазо Јанков (35 г.) и Јордан Иванчев, средовечен човек. Покрај овие, голем број селани биле тепани и затворани во српската жандармериска станица во Горни Балван. Меѓу сите најмногу бил тепан и сокршен Коле Малечката. Но штом застанал на нога, побегнал во шумата и станал најголем заколнат непријател на српската власт.[4] Во 1923 година крај селото Долно Трогерци биле населени 270 семејства на српски колонисти од регионите северно од Сава и Дунав. СтопанствоАтарот зафаќа простор од 6,7 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 533,3 хектари, на пасиштата отпаѓаат 123,3 хектари, додека шумско земјиште нема.[2] Селото, во основа, има полјоделска функција.[2] Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 186 жители, сите Македонци.[5] Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 184 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[7] Селото е мало, во фаза на наполно раселување. Во 1961 година селото броело 232 жители, а во 1994 година само шест жители, македонско население.[2] Според пописот од 2002 година, во селото Долно Трогерци живееле 4 жители, сите Македонци.[8] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Самоуправа и политика![]() Селото влегува во рамките на Општина Карбинци, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Карбинци. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Штип. Селото припаѓало на некогашната општина Штип во периодот од 1955 до 1965 година. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Три Чешми, во која покрај селото Долно Трогерци, се наоѓале и селата Батање, Врсаково, Доброшани, Криви Дол, Сарчиево, Судик, Сушево, Тестемелци, Три Чешми и Чардаклија. Селото било дел од некогашната Општина Долни Балван во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Батање, Горни Балван, Горно Трогерци, Долни Балван, Долно Трогерци и Чардаклија. Избирачко местоСелото е опфатено во избирачкото место бр. 2317 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во селото Долни Балван. Во избирачкото место се опфатени селата Батање, Долни Балван и Долно Трогерци.[13] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 283 гласачи.[14] На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 295 гласачи.[15] Културни и природни знаменитости![]()
Редовни настани
Личности
Галерија
Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia