Европа (остров)
На островот е сместен воен одред од Реинион, има метеоролошка станица и го посетуваат научници. Дел е од Расеаните Острови на регионот Француски Јужни и Антарктички Земји. На островот е снимана епизодата „Потрага во длабочините“ (1968) од серијата „Подводниот свет на Жак Кусто“,[2] во која се претставени зелените морски желки. ОписЕвропа има пречник од 6 км и најголема висина од 6 м. Бреговата линија е долга 22,2 км. Опкружена е со корални плажи и ободен гребен кој ја обиколува мангровска лагуна од 9 км2 и е отворен кон морето на една страна. Атолот нема пристани, но котвењето е можно во блиските води. Исклучивиот стопански појас е соседен на оној на Басас да Индија, и зафаќа површина од 127.300 км2. Слетувалиштето е долго 1.500 метри. Екологија
Островот е природен резерват. Растителната се состои од сува шума, шикара, млечки (Euphorbia), мангровско мочуриште и остатоци од плантажа на сисал. Ова е едно од најголемите мрестилишта на зелени морски желки на светот. Живеат и кози доведени од доселеници на крајот од XVIII век. Европа е прогласена за место од орнитолошка важност од BirdLife International поради многубројните и разновидни морски и други водни птици кои овде се размножуваат. Тука е најголемата колонија на мадагаскарската жолта чапја по Алдабра и Мадагаскар. Има многу големи колонии на големи фрегати (до 1100 парови), тропски бурници (до 100 парови), мадагаскарски крајбрежни чапји и касписки рибарки. На Европа живее белоопашестиот фетон (Phaethon lepturus europae), три видови копнени птици (including an endemic subspecies of ендемски подвид на мадагаскарската белоочка)[4] и ендемски вид шиштава лебарка.[5] КлимаКлимата е засегната од Игленортската струја и водата обично надминува 30 °C. Југоисточните пасати зиме и повремени циклони. Може да се опише како степска или тропска, со влажни лета и суви зими. ИсторијаИако островот веројатно бил забележан од морепловците уште во XVI век, тој е наречен по британскиот брод „Европа“, кој го посетил во декември 1774 г. Урнатините и гробовите сведочат за неколкуте обиди за негово населување од 1860-тите до 1920-тите. На пример, во 1860 г. тука се доселило француското семејство РОзје, но потоа напуштило.[6]
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia